Англискиот првак Челзи конечно одигра еден ефикасен меч и победи убедливо. Лондончани со 4:0 славеа во Тел Авив против Макаби.
Тренерот Жозе Мурињо беше задоволен од играта, но не и од теренот, кој го посочи како виновник за две повреди на неговите играчи. Португалскиот стратег во одредени периоди дури и самиот реши да ги средува бусените на теренот, за да не се случи уште некоја повреда.