Нејмар не сака кај Перез

Само ден-два по објавувањето на веста дека Манчестер Сити ќе се обиде да го донесе Лионел Меси, Флорентино Перез се обиде да нанесе нов удар кон Барселона со објавувањето на веста дека ќе ја плати откупната клаузула за Нејмар. Перез е решен да го задржи местото претседател, а за таа цел му е потребна ѕвезда која ќе биде лидер во тимот.

По одличните игри на Нејмар во оваа сезона тој стана интересен за многу тимови. Долго се зборуваше дека Манчестер Јунајтед го посакува во своите редови и дека веќе е воспоставен контакт. Тоа се случувало уште во текот на летото, но Бразилецот одбил да ја напушти Барселона.

„Вистина е дека татко ми ме информираше дека постојат проблеми околу данокот, но тоа го средуваме постепено. Јас сум играч на Барселона во моментов и имам договор до 2018 година така што продолжувам со моите настапи за клубот“, вели Нејмар.

Веќе е јасно дека Барселона тргна со преговори за нов договор кој ќе го направи Нејмар третиот најдоброплатен фудбалер во светот по Лионел Меси и Кристијано Роналдо. Тој би требало да добие плата од 15 милиони евра во годината, а воедно и клаузулата од 190 милиони евра ќе скокне на 1 милијарда евра.

Додека траат преговорите Перез се обидува да ги расипе работите со тоа што сака на Нејмар да му понуди побогат договор, а Барселона да ги добие парите за откупната клаузула.

Брзо на ова следеше информација и од Нејмар и Барселона, па со ова плановите на Перез за внесување на немир во Барселона се завршени набрзина.

„Мојата намера е да потпишам нов договор и да продолжам со игрите како во последните неколку месеци. Се надевам дека заедно со Меси и со Суарез ќе продолжиме да напредуваме и дека нашите квалитети и понатаму ќе доминираат. Воедно тие ни овозможуваат да играме заедно и дефинитивно да сум среќен што сум заедно со нив во ист тим“, вели Нејмар.

Дека Нејмар ќе остане во Барселона потврдува и неговиот сонародник и голем пријател, Дани Алвес. Тој беше еден од оние кои најавија дека Нејмар ќе потпише за Барселона, па дефинитивно најдобро ги знае работите.

„Развојот на Нејмар е едноставно во нагорна линија. Тој може да постигне сè што посакува бидејќи има огромен потенцијал. Нејмар е вистински ѕвер на теренот и едвај чека да ги среди формалностите околу новиот договор и да продолжи да го носи дресот на Барселона“, вели Алвес.

Според ова, планот на Перез за расипувањето на новиот договор на Нејмар со Барселона пропаѓаат така што Флорентино ќе мора да се насочи кон друг играч доколку сака да го смени тимот и да добие нов лидер. Најверојатно следната мета ќе биде Еден Азар од Челзи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...