Роналдо и Нејмар се ривалите на Меси

Лионел Меси, Нејмар и Кристијано Роналдо и официјално се тројцата играчи кои влегоа во најтесниот избор на ФИФА, во трката за добивање на „Златната топка“. Светските виртуози на фудбалот добија најмногу гласови во изборот на најдобрите. Победникот за тоа кој е најдобар играч за 2015 година ќе биде познато на гала свеченост која на 11 јануари 2016 година ќе се одржи во Цирих.

Во гласањето за најзначајната планетарна индивидуална награда гласаат селекторите и капитените на сите земји членки на ФИФА, како и одреден број новинари од целиот свет. Оваа награда заеднички ја доделуваат Светската асоцијација во соработка со реномираното списание „Франс Фудбал“. Меси, Нејмар и Роналдо добија најмногу гласови од сите 23 играчи кои беа во потесниот избор. За наградата се гледа ефектот на фудбалерите во периодот од 22 ноември 2014 година до 20 ноември 2015 година.

ЛЕО ЈА ЧЕКА ЈУБИЛЕЈНОТО ПЕТТО ПРИЗНАНИЕ

Меси е главен кандидат за наградата. Аргентинскиот виртуоз беше предводникот на Барселона во една феноменална година. Тој е најконстантниот во овој избор бидејќи од 2007 година до сега Лео постојано е во потесниот избор меѓу најдобрите тројца и има место за него на пиедесталот. Од досегашните избори, Меси четирипати бил најдобар, а сега е речиси сигурно дека ќе стигне до јубилејната петта „Златна топка“.

ВО 48 МЕЧА ДАЛ 44 ГОЛА И 21 АСОСТЕНЦИИ

Каталонскиот гигант освои четири титули, а до крајот на 2015 може да се закити со уште еден пехар. Меси и компанија се радуваа на трофеите во Примера дивисион, во Купот на Шпанија, а на меѓународна сцена се искачи на тронот на Европа, со триумфот во Лигата на шампионите. Потоа се израдува и на трофејот во Суперкупот на Европа. Единствено им „избега“ радоста во Суперкупот на Шпанија, но и тоа може да се заборави, ако Барселона триумфира на Светското клупско првенство што ќе се игра овој месец.

За периодот во кој ФИФА ги бира најдобрите, Меси одигра вкупно 48 меча во кои имаше реализација од 44 погодоци и 21 асистенции.

НЕЈМАР ПРЕРАСНА ВО ЛИДЕР

Покрај Меси, во нападот на Барса е и Нејмар. Капитенот на бразилската репрезентација е најмлад во изборот на овие тројца и првпат е во најтесниот избор. Голгетерот можеби не е прв фаворит, но со овој избор покажува дека е на вистински пат да стигне и до тронот.

Нејмар изборот меѓу најдобрите го заслужи со тоа што во 50 натпревари даде 41 гол, а имаше и 12 асистенции. И тој заедно со Меси се радуваше на четирите трофеи во дресот на Барселона.

РОНАЛДО ЌЕ ГО ЗАГУБИ ТРОНОТ

Кристијано Роналдо е актуелниот најдобар играч во светот. Сепак речиси сигурно е дека Португалецот овој примат ќе го загуби на гала свеченоста во Цирих следниот месец. Роналдо индивидуално имаше одлична сезона, но сепак на клупски план немаше многу успех. Реал Мадрид не се израдува на ниту една титула. „Кралевите“ беа во сенка токму на Барселона и Меси и Нејмар како нејзини предводници.

ЕНРИКЕ, ПЕП И САМПАОЛИ ВО ИЗБОР ЗА ТРЕНЕР НА ГОДИНАТА

Освен изборот за најдобар играч, ќе се бира и најдобриот стратег за 2015 година. Како најдобри тројца тренери се ставени Луис Енрике од Барселона, Пеп Гвардиола од Баерн Минхен и Хорхе Сампаоли како селектор на Чиле.

Енрике со Барселона рушеше сè пред себе во Шпанија и Европа, Гвардиола е доминантен со баварците во Германија, додека Сампаоли направи историски успех со репрезентацијата на Чиле и ја одведе до првата титула на Копа Америка.

СЕ БИРА И НАЈДОБРА ФУДБАЛЕРКА

Во изборот за најдобра фудбалерка се најдобрите од репрезентациите на САД, Јапонија и Германија. Карли Лојд е изборот од САД, Аја Мијама како предводничка на Јапонија е во изборот за најдобра, додека Германката Селија Сашиќ ќе ја брани честа на Европа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...