Прогласени најдобрите во Примера

На гала вечера во Барселона беа доделени годишните награди за најдобрите поединци и екипи во изминатата година во шпанската Примера.

Како што се очекуваше, наградата за најдобар тим отиде кај Барселона, која претходната сезона ја заврши со тројна круна – Примера, шпански куп и Лигата на шампионите.



За најдобар фудбалер во Примера е избран Лионел Меси од Барселона, пред Кристијано Роналдо од Реал Мадрид и Луис Суарез (Барселона).

Најдобар тренер е Луис Енрике, кој не беше присутен на церемонијата на доделување награди, а фудбалери на Реал Мадрид се избрани за најдобри играчи од одбраната и средниот ред.

Рамос доби наградата за најдобар дефанзивец, а Хемес Родригез за најдобар на средината на теренот.



Признанието за најдобар голман е за чуварот на мрежата на Каталонците, Клаудио Браво.

Најдобар африкански фудбалер во Примера е играчот на Валенсија алжирскиот интернационалец Софијан Фегули.

Уште еден играч на Барселона доби признание. Нејмар е прогласен за најдобар јужноамерикански фудбалер во шпанскиот фудбал за минатата сезона.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...