Челзи број 1 со 301 милион евра

Роман Абрамович ги има фудбалерите коишто заработуваат најмногу во Премиер-лигата во една сезона, а за натпреварувачката 2014/2015 потрошил 215,6 милиони фунти, односно точно 301 милион евра.

Со овие пари Челзи е наоѓа на врвот, а е следен од Манчестер Јунајтед (284 милиони евра), Манчестер Сити (271 милион евра) и Арсенал (270 милиони евра).

Ова се дефинитивно големи суми коишто екипите ги двојат за платите на своите фудбалери. Сепак, овие средства фудбалерите на Челзи комплетно ги оправдаа бидејќи во сезоната 2014/2015 ја освоија титулата во Премиер-лигата, а го освоија и Лига купот на Англија. Со овие трофеи дефинитивно работите беа позитивни и токму поради тоа имаше и заработувачка.

Доколку се пресметаат сите средства што биле заработени и потрошени тимот на Челзи е во плус од 58,8 милиони евра. Овој плус е направен од трансферите на Ромелу Лукаку (Евертон), Андре Ширле (Волфсбург) и Рајан Бертран (Саутемптон). Дел од парите што беа заработени беа потрошени за ангажирањето на Диего Коста и Цеск Фабрегас. Сепак, и покрај сето ова заработувачката е нешто помала во однос на претходната сезона кога Челзи имаше плус од 80 милиони евра.

БАКА, КАКО ОПЦИЈА ЗА НАПАДОТ

Колумбиецот кој игра за Милан, Карлос Бака, е една од опциите за засилување на нападот во текот на јануари. Од Челзи се подготвени да понудат 30 милиони евра за да го ангажираат напаѓачот, кој пред да дојде во Милан имаше одлични настапи во Севиља.

Сумата од 30 милиони евра беше платена од страна на „росонерите“ во текот на минатото лето, па затоа и сега се смета дека истата сума ќе биде доволна за да може да дојде Бака кој би требало да биде конкуренција за Диего Коста во нападот.

Гус Хидинк не смета на Лоик Реми, кој ќе се пресели во некој друг тим на островот, а ниту Фалкао не одговора на она што Холанѓанецот го планира во нападот во продолжението од сезоната.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...