Јувентус ги пикира Гундоган и Кавани

Италијанскиот првак Јувентус мируваше во јануарскиот преоден рок, но уште од сега почнаа шпекулациите за можните засилувања на „старата дама“ во пресрет на следната сезона. Според најавите, актуелниот италијански првак планира во летниот трансфер период да доведе две квалитетни засилувања. На списокот на желби први се напаѓачот на Пари Сен Жермен Едисон Кавани и ѕвездата на Борусија Дортмунд, Илкај Гундоган.

БОРУСИЈА МОЖЕ ДА ГО ПРОДАДЕ ИГРАЧОТ

Гундоган уште од пред неколку месеци е на мета на тимот од Торино. Германскиот репрезентативец има договор со „милионерите“ до јуни 2017 година, но сепак може лесно да се случи Борусија да го продаде уште летово. Играчот најави дека не планира да остане на „Сигнал Идуна Парк“, што значи дека Борусија ако сака да заработи од неговиот трансфер, најдобро ќе биде да го продаде летово.



Освен Борусија, за офанзивниот играч за врска интерес покажуваат уште неколку европски екипи, меѓу кои се Барселона, Манчестер Јунајтед и Сити.

ТРАНСФЕРОТ НА УРУГВАЕЦОТ ЗАВИСИ ОД РЕАЛ МАДРИД

Ако за Гундоган е јасна ситуацијата, тогаш многу покомплицирано е околу евентуалното доаѓање на Кавани. Јувентус е на готовс, бидејќи може да се случи Реал Мадрид да ја активира клаузулата за враќање на напаѓачот Алваро Мората, кој моментно е дел од „старата дама“. Ако тоа се случи и Мората биде принуден да се врати во Мадрид, Јувентус ќе се активира за доведување на квалитетен напаѓач.

Кавани веќе подолго време најавува дека сака да си замине од ПСЖ. За него се интересира и тренерот на Интер, Роберто Манчини, кој вели дека има недостаток на ефикасни реализатори, а токму Кавани би можел да биде решение на тој проблем.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...