Пласман во ЛШ, услов Манчини да остане тренер на Интер

Италијанскиот тренер Роберто Манчини ќе добие отказ во Интер ако не избори трето место во Серија А, и со тоа учество во квалификациите за Лигата на шампионите.

Медиумите на Апенините наведуваат дека раководството на клубот по болниот пораз од градскиот ривал Милан го загубило трпението со Манчини, бидејќи Интер од борба за врвот се симна на петтата позиција.



Претседателот Ерик Тохир го означи пласманот во Лигата на шампионите како приоритет, бидејќи со учество во елитното натпреварување, клубот ќе ја подобри финансиската состојба.

Се шпекулира дека Интер веќе подготвил и замена за Манчини, а тоа е тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне кој неколку пати има изјавувано дека еден ден би сакал да се врати во тимот каде настапуваше три сезони.

На последните шест натпревари од Серија А, Интер има само една победа и девет бода негатива во однос на лидерот Наполи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...