Во таборот на Челзи се решени да донесат нов напаѓач, кој би требало да пристигне следното лето. Изборот е паднат на Антоан Гризман за кого се подготвени да платат сума од 80 милиони евра.
Гризман би требало да биде замената за Еден Азар, кој, најверојатно, следното лето ќе си замине од клубот. Сумата која е планирана за трансфер на Белгиецот е 100 милиони евра, а од овие пари треба да биде донесен играчот на Атлетико Мадрид.
Во последните две сезони Гризман е главен во играта на Атлетико Мадрид така што е цел на голем дел на екипи, но барем засега во клубот од Шпанија не планираат да се разделат со него. Токму поради тоа останува да се види дали следното лето при понуда од 80 милиони евра ќе размислуваат поинаку.