Место да заврши во затвор, стана ѕвезда во Премиер-лигата

Лестер останува лидер во англиската Премиер-лига, а најзаслужен за тоа е напаѓачот Џејмс Варди. Новопечениот англиски репрезентативец е откритието не само во Англија туку и во Европа, за оваа сезона. Варди е прв стрелец во лигата со 18 погодоци досега. Последниот негов блесок се случи во дербито против Ливерпул, кога напаѓачот ги постигна двата гола во победата од 2:0. Посебно добар беше првиот погодок, која Џејми погоди од околу 30 метри. Дури и самиот играч е изненаден од евро-погодокот.

„Мислам дека никогаш досега немам дадено толку добар гол. Навистина беше прекрасен. Забележав дека Мињоле постојано е излезен од гол линијата. Затоа и во таа ситуација решив да шутирам. Воопшто не се двоумев. И покрај тоа што ги дадов двата гола, најважно е што победивме и ја задржавме челната позиција во Премиер-лигата“, рече англискиот репрезентативец.



КЛОП: ЗА МАЛКУ ЌЕ АПЛАУДИРАВ НА ГОЛОТ НА ВАРДИ

Дербито против Ливерпул беше неизвесно сè додека Варди не „експлодира“. Тој ги даде двата гола во последната третина од мечот. Освен што самиот играч бил воодушевен од погодокот, малку фалело за тој потег да аплаудира и тренерот на гостите, Јирген Клоп. Германскиот стратег признава дека оддамна не видел толку добар погодок.

„За да се даде таков погодок секако дека е потребна и среќа. Сепак, прво треба да се доволно храбар за да шутнеш. Ова е перфектна сезона за Лестер и за Варди. Го заслужија секој поен што досега го освоија, а Џејми ги заслужи сите погодоци што ги даде. Малку фалеше да му аплаудирам за погодокот што го даде против нас, но во тој момент се осетив многу лошо. Заклучокот е дека мечот го реши евроголот на Варди“, рече Клоп.

И менаџерот на Лестер, Клаудио Раниери, беше зачуден од реализацијата на неговиот најдобар играч. Неговиот тим е прв што сезонава стигна до 50 бода. И покрај начинот на кој игра целиот тим на Лестер, италијанскиот стратег не можеше, а да не го опише погодокот на феноменален.

ПРЕД ШЕСТ ГОДИНИ ИГРАЛ ЗА 30 ФУНТИ ОД МЕЧ

Неверојатна е приказната за тоа како Варди стигнал до ова ниво. До пред само три-четири години тој бил еден од стотиците играчи во Англија што играт аматерски фудбал. Како дете започнал во школата на Шефилд Јунајтед, но таму го избркале како неталентиран. Решил да заигра во аматерскиот тим на Стокбриџ Парк Стил, кој игра во осмата лига во Англија. Таму во три сезони на 106 меча дал 66 погодоци. Интересно е што додека играл во овој тим, Џејми добивал по 30 фунти за секој одигран натпревар.

РЕКОРДЕН ТРАНСФЕР НА ИГРАЧ ОД АМАТЕРСКИ ТИМ

Потоа прави трансфер во Халифах каде даде 27 гола во 37 средби. Наредната година заигра во Флитвуд каде во 36 меча дал 31 погодок. Тимот знаеше дека имаат квалитетен играч, па не сакаа да го продадат за помалку од еден милион фунти. Таа сума реши да ја плати Лестер, што е рекорд за играч кој направил трансфер од аматерски тим.



На Лестер му помогна да влезе од Чампионшип во Премиер-лига. Откако лани едвај се изборија за опстанок, сега се лидери во Премиер-лигата и се надеваат на чудо. Варди моментно заработува 40.000 фунти неделно, а од клубот веќе му понудија нов подобар договор, за да остане верен до 2019 година.

СЕ СТЕПА ВО ПАБ, ПА ИГРАШЕ СО ЗАТВОРСКА АЛКА

Додека играше аматерски фудбал, Варди можеше да заврши и во затвор. Една вечер се степал пред паб, по што бил уапсен од полицијата. Му била одредена казна домашен притвор. Во овој период Варди морал да носи затворска алка на ногата и имал одредено период кога можел да излегува. Дури и на теренот морал да биде со таа алка, а често ги пропуштувал гостувањата бидејќи не смеел да се оддалечи од домот.

И покрај ваквите проблеми, Варди продолжил да игра и сега не само што е далеку од тоа да заглави во затвор, тој пред неколку месеци се промовираше во англиски репрезентативец. Голгетерот веќе има четири настапи за „гордиот Албион“, а уште го чека деби голот во националниот дрес. Мечот против Ливерпул го следеше и селекторот Рој Ходсон, кој сигурно нема да пропушти повторно да му упати повок за во репрезентацијата.

МОЖЕ ДА СЕ СНИМИ И ФИЛМ ЗА НЕГО

Приказната за Варди, и тоа како од проблематичен аматер кој можел да заврши во затвор, стигна до репрезентацијата на Англија, во скоро време може да добие и филмска екранизација. Џејми едноставно е херојот во Европа за оваа сезона и пример како и на 29 години може да се стане фудбалска ѕвезда.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...