Лестер му покажа на Сити како се игра фудбал

Фудбалерите на Лестер направија голем чекор во борбата за титулата по победата на гостински терен против првиот пратител Манчестер Сити со резултат од 3:1. Фантастичната екипа на Клаудио Раниери дојде до победата со погодоците на Роберт Хут (два) и Ријад Марез, а почесниот гол за Сити го постигна Агуеро во финишот на мечот. По овој триумф „Лисиците“ имаат дури шест поени повеќе од Сити на третата позиција и пет повеќе од второпласираниот Тотенхем.

До пред само една година Лестер водеше грчевита битка за опстанок во елитното друштво, а сега се наоѓаат на спротивната страна водат битки за медалите. Раниери посочи дека овој триумф е врвот на лудата сезона затоа што е издвоена над силен противник, а смета дека неговиот тим има нешто што ги издвојува од другите тимови.

„Имаме тимски дух каков што никогаш во кариерата не сум почувствувал, ниту како фудбалер ниту како менаџер. Клучот на оваа победа беше леснотијата со која игравме затоа што на теренот бевме без притисок. Тимскиот дух од соблекувалната го пренесовме на теренот. Делувавме како целина, како силен тим и тоа е најважното. Ова е луда сезона. Сега титулата е достижна и ќе направиме сè на крајот да ја освоиме“, заклучи Италијанецот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...