Зидан бил пред отказ

Актуелниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан можел воопшто да не добие шанса за да го води првиот тим на „кралевите“ доколку минатото лето претседателот на клубот останел на својот став и одлучел да го избрка.

Според она што го објавуваат шпанските медиуми, Перез побарал од генералниот директор Хозе Анхел Санчез да го ослободи од обврските Зидан, кој тогаш беше тренер на вториот тим на Реал Мадрид. Причината поради која не била извршена наредбата е во ставот на Санчез дека со тоа ќе се наруши реномето на клубот.

Санчез го советувал Перез дека со отказ за Зидан клубот ќе загуби многу и ќе се направи голема грешка. На таков начин ќе се загуби многу кај приврзаниците на екипата и тие ќе им го завртат грбот. Со тоа ќе загубат многу, па затоа морало да дојде до промена на одлуката.

На крајот Перез одлучил да го послуша соведот од директорот и Зидан продолжил да го води вториот тим сè до почетокот на оваа година кога доби одлична можност за напредок во кариерата и се најде во првата екипа како замена на Рафаел Бенитез.

Зидан го презеде водењето на првиот тим после ремито против Валенсија, а оттогаш Реал Мадрид има четири победи и едно реми. На домашен терен победите беа со резултати 5:0, 5:1 и 6:0, но на гостувањата работите се далеку поинакви. Против Бетис беше одиграно 1:1, а беа пред пораз, додека во неделата против Гранада, Лука Модриќ пресуди за три бода. Со неговиот погодок Реал дојде до три поени, но лесно можеше да се случи да не освои ниту еден на овој дуел.

Новиот предизвик ќе биде следната седмица кога се игра дуелот против Рома во рамки на Лигата на шампионите, па тоа ќе биде шансата за да се покаже дали и колку е Зидан подготвен за да го води Реал Мадрид кон височините.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...