Жута со триумф, Тодоровски со реми

Леонард Жута и неговата Риека со триумф го стартуваа пролетниот дел од шампионатот на Хрватска.

Левиот бек ги одигра сите деведесет минути во триумфот од 2:0 на домашен терен над Локомотива, во кој домаќинот доминираше и заслужено стигна до победа. Стефан Ристовски не беше дел од овој дуел. Со триумфот Риека ја забележа дванаесеттата победа сезонава и е прва на табелата, но Динамо треба да го одигра својот дуел викендов.

Од друга страна, пак, Александар Тодоровски и неговиот Заглебје на гостувањето кај Рух, ремизираа без голови, а и во овој случај левиот бек ги одигра сите деведесет минути. Заглебје е што се вели во „златната“ средина на табелата.

Јавноста во Македонија сè уште е во исчекување да започнат грото од шампионатите каде што настапуваат нашите интернационалци, а викендов ќе може да ги следиме Александар Трајковски кој со својот Палермо ќе го пречека тимот на Торино, потоа ќе се надеваме дека Пандев конечно ќе добие минутажа, како и Абдурахими, додека Шиков стандардно е во првите единаесет на Австрија Виена.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...