Македонските фудбалери поразени од Словенија

Македонската фудбалска репрезентација претрпе минимален пораз од Словенија со 1:0.

Во пријателскиот меч одигран попладнево во Копер, избраниците на селекторот Игор Ангеловски одиграа добро прво полувреме во кое создадоа неколку изгледни шанси, но ударите на Пандев и Ибраими не ја погодија целта па на одмор се замина без постигнат гол.



Во вториот дел, домаќините беа оние кои го диктираа темпото. Таквата игра на Словенците им донесе резултат, па по една грешка на нашата одбрана Роман Бежјак во 58-минута го постигна единствениот гол на натпреварот.

Иако во продолжението црвено-жолтите се одбидуваа да стигнат до израмнување, сепак резултатот остана непроменат 1:0 за Словенија. Ова е прв пораз на македонската репрезентација во четирите пријателски меча со Словенија, откако на првите три дуели на победа се радуваа нашите фудбалери.

Нашата најдобра репрезентација ќе има можност да го поправи впечатокот веќе на 29 март кога на арената „Филип Втори’’ во Скопје, ќе одигра пријателски меч со селекцијата на Бугарија. Овој натпревар ќе се игра во терминот од 19 часот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...