Раководството на Лацио се подготвува за голема смена во екипата за следната сезона. Поради тоа што оваа сезона е разочарувачка, сега се прави план за шампионатот 2016/2017, а поради тоа неколку играчи ќе мора да си заминат.
Дури деветмина фудбалери од актуелниот состав ќе мора да си заминат, а еден од нив сигурно е Мирослав Клосе, кој, најверојатно, ќе се пензионира.
Покрај него од екипата ќе мора да си заминат и Антонио Кандрева и Стефано Маури. Другите играчи со кои Лацио ќе се раздели се: Едсон Брафхајд, Сантијаго Џантилети, Абдулај Конко, Оџени Онази, Алесандро Матри и голманот Етрит Бериша.