Јунајтед го прави Мурињо најплатен тренер

Жозе Мурињо ќе стане најплатениот менаџер во историјата на фудбалот ако го преземе тимот на Манчестер Јунајтед по завршувањето на сезоната, открива британскиот весник „Сан“. Според изданието Мурињо ќе потпише договор за три сезони и ќе заработува грандиозни 20 милиони фунти по сезона. Тоа е двапати повеќе од платата која ја добива сегашниот менаџер на „Црвените ѓаволи“ Луис ван Гал, но и повисока од таа на Пеп Гвардиола за кого се смета дека моментално има најголема плата - 15 милиони фунти по сезона.



Мурињо е без работа од 17 декември кога доби отказ од Челзи. Само неколку дена потоа почнаа да кружат информациите дека португалскиот стратег ќе седне на клупата на Манчестер Јунајтед на местото на Ван Гал од кого челните луѓе на клубот не се задоволни. Според некои извори, Мурињо дури потпишал преддоговор со клубот од „Олд Трафорд“ и во случај челниците на Јунајтед да се премислат ќе мора да му платат на португалскиот тренер висока отштета.

Во меѓувреме во клубот има поделени мислења околу тоа кој би требало да биде идниот менаџер. Навивачите и директорите го сакаат Мурињо, а другиот дел меѓу кои и поранешниот менаџер сер Алекс Фергусон не сметаат дека „Специјалниот“ е вистинскиот човек за позицијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...