Роналдо се враќа на „Олд Трафорд“!?

Реал Мадрид е подготвен да го продаде Кристијано Роналдо на крајот од оваа сезона, шпекулираат медиумите во Шпанија. Според некои најави, „Кралскиот клуб“ би можел да се откаже од својот најдобар играч, доколку некој тим понуди 60 милиони евра. Засега Манчестер Јунајтед е најверојатна опција за капитенот на португалската репрезентација. Пред да дојде во Реал, Роналдо настапуваше токму во гигантот од „Олд Трафорд“ каде и го покажа целиот свој талент.

ЦЕНАТА НА КРИСТИЈАНО САМО ЌЕ ПАЃА

Роналдо има договор со Реал кој го обврзува да остане на „Сантијаго Бернабе“ до јуни 2018 година. Тоа значи дека би требало да одигра уште две сезони за „кралевите“. Сепак, доколку Реал сака да се офајди од неговата продажба, би требало да го продадат што е можно побрзо. Кристијано има 31 година, а како ќе старее неговата вредност на трансфер пазарот секако ќе се намалува бидејќи пред него нема да има уште многу сезони за игра. Затоа можно е Реал да се реши уште летово да го продаде играчот кој изминативе неколку години беше предводник на теренот. Тој дојде во Мадрид во 2009 година кога десеткратниот европски првак плати околу 95 милион евра. Досега одигра вкупно 340 средби во сите натпреварувања, а дал 355 погодоци, што е неверојатен просек од повеќе од еден гол по дуел.

И НА ПСЖ МУ ТРЕБА НОВА ЅВЕЗДА ВО ТИМОТ

Засега Манчестер Јунајтед јавно најави дека би сакале да го вратат некогашниот свој играч. Освен „црвените ѓаволи“ и од Пари Сен Жермен сакаат да го доведат Роналдо, посебно што летово ќе останат без првата ѕвезда Златан Ибрахимовиќ, кој најави сигурно заминување. Ниту на ПСЖ, ниту на Јунајтед нема да им биде проблем да платат 60 милиони евра за фудбалерот кој три години беше избран за најдобар во светот според ФИФА.

Самиот Роналдо најави дека има желба еден ден да се врати во Манчестер каде играше од 2003 до 2009 година. За Јунајтед одигра 292 средби и даде 118 погодоци, а освои девет трофеи во шест различни натпреварувања.

И покрај тоа што Португалецот е навлезен во четвртата деценија од животот, уште е еден од најдобрите во светот. Тоа го покажува и неговиот скор од 42 погодоци во 40 меча за „кралевите“, кои летово треба да решат дали ќе сакаат да заработат на Португалецот или да го задржат уште една сезона и да им биде главен играч на теренот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...