Јирген Клоп е победникот на дуелот во Дортмунд

Еден од најдобрите тренери во светот, Јирген Клоп имаше емотивно враќање на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд. Клоп пред 10 месеци си замина од екипата на Борусија каде беше тренер дури седум години. Токму кај „милионерите“ покажа дека е одличен стратег, а тоа беше доволно за Ливерпул да му понуди договор. Германскиот стратег го прифати англискиот предизвик и замина на „Енфилд Роуд“. Сепак Лигата на Европа „сакаше“ Клоп за помалку од една година да се врати во Дортмунд, на двомеч од четврфиналето против „неговата“ Борусија.

Пред мечот, преку 80.000 навивачи на преполниот стадион со овации го пречекаа Клоп. Сепак тренерот кој беше препознатлив знак на стадионот, овојпат мораше да седне на клупата за гостите. Мораше да игра против тимот со кој се радуваше на вкупно пет титули во Германија.

„ЕЛ КЛОПИКО“ ЌЕ СЕ РЕШАВА ВО ЛИВЕРПУЛ

Клоп е човекот кој најдобро ја познава играта на Борусија. Токму затоа знаеше како да постави формација да се неутрализира офанзивната игра на домаќините. Ливерпул беше подобар во првото полувреме, а тоа го крунисаа со погодок во 36 минута кога прецизен беше Ориги. Иако познат како импулсивен тренер, Јирген овојпат не сакаше да се радува, покажувајќи почит кон својот поранешен тим.

Борусија не се предаде и на почетокот на второто полувреме израмни на 1:1. До крајот на средбата двете екипи имаа шанси за да стигнат до победата, но мрежите мируваа. Фактот дека Клоп беше во центарот на мечот, овој двомеч од четвртфиналето го доби името „Ел Клопико“.

СЕВИЉА ПОКАЖА КОЈ Е ШАМПИОН ВО ЛЕ

Двократниот бранител на трофејот во Лигата на Европа, Севиља продолжува со одличните игри. Андалузискиот тим во дуелот со шпанскиот ривал Атлетик Билбао победи со 2:1. Сите три погодоци беа постигнати во второто полувреме, а интересно е што Севиља до победата стигна со пресврт. Атлетик поведе во 48 минута со голот на Адуриз, но Севиља покажа зошто е неприкосновен во Лигата на Европа. Гостите дадоа два гола и покажаа дека се подготвени повторно да ја бранат круната во ова натпреварување. Интересно е што Севиља во претходното коло ја елиминираше Валенсија, а сега е на пат да отстрани уште еден ривал од Примера дивисион.

И ШАХТЈОР СО „ЕДНА НОГА“ ВО ПОЛУФИНАЛЕТО

Украинскиот Шахтјор може да биде задоволен од гостувањето кај Брага во Португалија. Тимот кој есеноска беше дел од Лигата на шампионите, сега успешно настапува во второт по ранг натпреварување. Шахтјор како гостин се радуваше на теренот на Брага и сега е на прагот од влез меѓу најдобрите четири екипи. Гостите водеа со 2:0, а домаќините дадоа почесен погодок, кој сепак дава мала надеж дека може да продолжат понатаму.

САМО ВИЉАРЕАЛ ПОБЕДИ ДОМА

Екипата на Виљареал е единствениот тим кој ја искористи предноста на домашен терен синоќа. „Жолтата подморница“ победи со 2:1 против Спарта Прага. Сепак тоа резултат кој не дава голема сигурност пред реваншот, бидејќи на гостите од Прага може да им биде доволно само еден погодок на свој терен за да продолжат понатаму.

РЕЗУЛТАТИ
АТЛЕТИК БИЛБАО - СЕВИЉА 1:1
Адуриз 48’ - Колоџиџак 56’, Ибора 83’
БРАГА - ШАХТЈОР ДОЊЕЦК 1:2
Едуардо 89’ - Ракитски 45’, Фереира 75’
БОРУСИЈА ДОРТМУНД - ЛИВЕРПУЛ 1:1
Хумелс 48’ - Ориги 36’
ВИЉАРЕАЛ - СПАРТА ПРАГА 2:1
Бакамбу 3’, 63’ - Брабец 45+4’

Реванш дуелите ќе се играат на 14 април



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...