Екипата на Тотенхем оствари убедлива победа на гостувањето кај Стоук синоќа на последниот натпревар од 34. коло од Премиер лигата.
Тотенхем го победи Стоук со 4:0, а по два гола постигнаа Хари Кејн (9 и 71.минута) и Деле Али (67 и 82). Со овој триумф Тотенхем ја намали бодовната разлика во однос на лидерот Лестер на пет бодови, а Кејн со 24 голови е лидер на листата на стрелци пред Џејми Варди (Лестер) со 22.
Резултати на другите натпревари од оваа рунда: Арсенал – Кристал Палас 1:1, Бурнемут – Ливерпул 1:2, Лестер – Вест Хем 2:2, Челзи – Манчестер Сити 0:3, Евертон – Саутемптон 1:1, Манчестер Јунајтед – Астон Вила 1:0, Њукасл – Свонси 3:0, ВБА – Вотфорд 0:1 и Норвич – Сандерленд 0:3.
Вечерва се игра одложениот дуел од 27.коло меѓу Њукасл и Манчестер Сити, а утре и в четврток ќе се одиграат уште четири одложени натпревари.
Табела: Лестер 73 бодови, Тотенхем 68, Манчестер Сити 60, Арсенал 60, Манчестер Јунајтед 56, Вест Хем 53, Саутемптон 51, Ливерпул 51,...