Тоти попушта пред желбите на Раниери

Со двата гола против Торино, Франчесто Тоти покажа дека иако е меѓу највозрасните фудбалери во историјата на Серија А, и понатаму може да одлучува натпревари. Тој влезе на терен во 86. минута, а во истата минута постигна гол за израмнување и потоа и уште еден за победа на Рома од 3:2.

Добрите игри во годината кога треба да наполни 40 години се предзнак за некои тимови да влезат во битка за Принцот од Рим кој е пред заминување од екипата на Рома.



Клаудио Раниери веќе извесно време се подготвува да го донесе во тимот на Лестер кој се наоѓа пред сензационално освојување на титулата во Серија А. Затоа веќе се подготвува понуда од една година со која ќе се направи обид да биде донесен во тимот кој ја игра убедливо најдобрата сезона во Премиерлигата.

Договорот на Тоти со Рома истекува на крајот од оваа сезона, па тој ќе биде слободен играч и ќе може да избере каде сака да ја продолжи кариерата.

И САД ВО КОМБИНАЦИЈА

Покрај Лестер во комбинација за Тоти е и заминување во САД. Со оглед на тоа што влезе во лоши односи со тренерот Лучано Спалети сосема извесно е дека работите се менуваат, па станува извесно дека Тоти повеќе нема да сака да остане во Рома и дека ќе мора да замине.

Според ова најголемиот интерес за него постои од редовите на Њујорк Космос така што доколку не биде Лестер, ова е вториот тим каде Италијанецот би можел да се пресели.

НА ЧЕКОР ОД КЛУБОТ 600

На средбата против Торино, Франческо Тоти го одигра својот меч број 598 во дресот на Рома во Серија А. Со оглед на тоа што ова е единствениот клуб за кој има играно во кариерата тој има одлична можност за да влезе во клубот 600 каде има само двајца играчи.

Досега над оваа бројка настапи во најсилната лига на Италија имаат забележано само Паоло Малдини кој со 647 меча е лидер на вечната листа, додека Хавиер Занети е втор со 615 средби.



Во однос на головите таму има 249 со двата кои ги постигна за победа на Рома против Торино. Со нив е прв на листата на активни фудбалери, а најблизу до лидерот на вечната листа Силвио Пиола кој е недостижен со 274 погодоци.

Инаку, Тоти првпат после октомври во 2014 година успева да постигне голови на две средби во серија.

СПАЛЕТИ СО ПОФАЛБИ

Иако Франческо Тоти му е премногу лут и тоа го покажа и во моментите кога заврши средбата, а тренерот Лучано Спалчети тргна за да му честита, сепак, стратегот упати пофални зборови за прикажаното од ветеранот.

„Ова беше многу важна победа за нас особено кога ќе се имаат в предвид резултатите и на другите средби. Тоти го направи она што го барав од него. Истото беше и на средбата против Аталанта. Тој остана на втора статива и го дочека моментот. Реакцијата на фановите беше тантастична. Тоти го направи она на коешто го замолив и тој покажа уште еднаш дека е многу важен за Рома. Со него на теренот атмосферата е далеку поразлична“, коментираше Спалети.

ПОДГОТВЕН ЗА ХОЛИВУД

Интересен коментар за Тоти имаше и од страна на тренерот на Торино, Џанпјеро Вентура. Тој беше разочаран и бесен после поразот особено поради тоа што до 85. минута од средбата Торино беше во предност од 2:1.

„Тоти влезе многу доцна на овој натпревар. Сепак, доколку сакате крај како во Холивуд ова е прекрасниот начин за крај на тој филм. Среќен сум заради Тоти и фановите на Рома, но бесен сум на моите фудбалери поради начинот на кој дозволивме да загубиме натпревар кој го имавме добиено“, вели Вентура.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...