Сити со сите сили го напаѓа Реал

Екипите на Манчестер Сити и Реал Мадрид денеска ќе го одиграат првиот натпревар од полуфиналето од Лигата на шампионите, а и двата тима гледаат свои шанси за да се изборат за место во финалето на Сан Сиро.

Во прашање ќе бидат нијанси, а неизвесноста ќе трае веројатно до реваншот кога ќе падне одлуката. Манчестер Сити напредуваше многу во последните години, а особено во оваа кога конечно беше поминато осминафиналето, па потоа и постигнат најголемиот успех со пласманот во полуфиналето.



ПЕЛЕГРИНИ ИМА МОТИВ ПЛУС

Влогот во денешниот меч е голем, но постои шанса и за поправен бидејќи ќе има реванш. Оттаму на Манчестер Сити е да се обиде да го зададе првиот удар и да го искористи играњето на домашен терен. Веќе се виде дека може да се игра, против секого, па затоа ќе мора да се проба сè и против Реал.

„Исто како и во 2012 година и сега нема фаворит. Според мене и двете екипи имаат свои шанси за да се пласираат во финалето. Можеби притисокот е поголем кај Реал Мадрид, но јас не сметам дека тоа е начинот по кој работите ќе се одвиваат успешно. Ние размислуваме како екипа и ќе играме на победа против Реал Мадрид. Не сме послаби од нашиот противник и се надевам дека ќе успееме да го елиминираме нашиот ривал. Се надевам дека Манчестер Сити ќе игра во финалето на Лигата на шампионите оваа година. Реал Мадрид има многу големи имиња во својот состав, но и ние имаме исклучително добри фудбалери кои знаат што сакаат. Мислам дека имаме убави шанси за да успееме да го елиминираме нашиот ривал“, изјави пред денешниот дуел, менаџерот на Манчестер Сити, Мануел Пелегрини.



НАПОРНАТА РАБОТА ТРЕБА ДА СЕ ИСПЛАТИ

Еден од поискусните во одбраната на Манчестер Сити, Пабло Забалета, пак, е убеден дека тој и колегите ќе знаат како до добар резултат на денешната средба.

„Според тоа како поминувавме во последните години никогаш не би помислил дека ќе можеме да зборуваме за полуфиналето во Лигата на шампионите. Ова е неверојатно и за нас играчите, но и за клубот. Начинот на кој успеавме да се подобриме и да напредуваме е неверојатен. Во една сезона дојдовме дури до полуфинале, па сега е на ред и на овие дуели да успееме да покажеме дека знаеме како и против Реал Мадрид. Работевме напорно во изминатиот период така што на овие два меча ќе влеземе со сите сили и целта ни е да успееме да стигнеме до финалето. Ќе биде неверојатно да го елиминираме Реал Мадрид, но веќе се виде сезонава дека сè е можно“, коментираше Забалета.



ЗИДАН ГО ЧУВАШЕ РОНАЛДО

Во саботата на мечот против Рајо Ваљекано, Реал Мадрид се соочи со големи проблеми, а се виде дека сета игра е подредена на Роналдо. Без него беше навистина тешко, а причината поради која не беше на теренот беше повредата која ја доби на средбата против Виљареал.

Зидан не сакаше ништо да ризикува и затоа го остави Роналдо надвор од комбинација за составот и го зачува за мечот против Манчестер Сити.

„Кристијано Роналдо сакаше да игра и против Рајо, но знаеше и самиот дека така можеше само да ја влоши повредата. Повредата не е многу сериозна, но мораше да одмори за да може денеска да биде заедно со колегите. Убаво е да се има еден таков играч, кој постојано е мотивиран и со желба да им помогне на своите колеги. Тој секогаш сака да победува и го дава максимумот на теренот. Секогаш дава повеќе и повеќе, а од тоа најголема корист има тимот“, вели Зидан.

РЕВАНШОТ ЌЕ ОДЛУЧИ СÈ

Во ситуација кога Роналдо се мачи со повреда, која може да биде обновена при невнимание или преголемо форсирање, многу поголема одговорност на теренот мора да преземе Герет Бејл. Тој постигна два гола против Рајо и покажа добра форма, но денеска против Манчестер Сити ќе треба далеку повеќе.



„На овој дуел е важно да обезбедиме добар резултат. Последното гостување коешто го имавме во Лигата на шампионите не ни донесе посакувана игра, па затоа сега мораме да бидеме внимателни. Неколкупати покажавме дека на домашен терен играме далеку подобро, па затоа и сега очекувам сè да решаваме во среда кога ќе го играме натпреварот на Бернабе. Пред нашата публика нашите можности се далеку поголеми“, вели Бејл.

Тој има одиграно неколку средби против Манчестер Сити како играч на Тотенхем и има гостувано на Етихад.

„Ова е голем стадион, а тоа ни дава добар простор за игра. Се надеваме дека ќе успееме да ја одиграме нашата игра и ќе можеме да бидеме на потребното ниво. Сепак, сметам дека без разлика што да се случи денеска одлуката за местото во финалето ќе падне на реваншот“, изјави Бејл.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...