Фудбалерите на Тотенхем освоија само еден од трите „планирани“ бода во дуелот со ВБА, со што му направија голема услуга на тимот на Лестер во трката за шампионската титула во Премиер лигата.
На средбата од 35.коло одиграна синоќа во Лондон, Тотенхем и ВБА играа без победник 1:1. Стрелец на двата гола на натпреварот беше фудбалерот на ВБА, Доусон кој најнапред во 33-минута си постигна автогол, за радост на домашните фудбалери и навивачи, но во 77-та ја поправи грешката и го израмни резултатот.
На три кола до крајот, Лестер сега има седум бода повеќе од Тотенхем, па на популарните „Лисици’’ за сигурно да ја освојат првата тотула во историјата им се потребни најмалку три бодови.
Првата можност ќе ја имаат на гостувањето кај Манчестер Јунајтед, во престојното викенд коло, во кое Тотенхем гостува кај лондонскио ривал Челзи.
Табела: Лестер 76 бодови, Тотенхем 69, Манчестер Сити 64, Арсенал 64, Манчестер Јунајтед 59, Вест Хем 56, Ливерпул 55,..