Патот до Базел води преку Виљареал

По триумфот над Борусија Дортмунд во четвртфиналето екипата на Ливерпул автоматски се вброи како главен кандидат за освојување на трофејот во Лигата на Европа. „Црвените“ одиграа спектакуларен меч на „Енфилд роуд“ со перфектен кам-бек иако имаа негатива од 2:0 и 3:1 па со вкупен резултат од 5:4 (во Дортмунд беше 1:1) се пласираа во полуфиналето. Сега апетитите во редовите на поранешниот европски шампион пораснаа до облаци па единствената пречка до финалето во Базел им е шпанскиот Виљареал. Но, ќе мора да внимава бидејќи шпанскиот опонент важи за незгодна екипа и во досегашниот дел од Лигата на Европа има одличен ефект.



„ЦРВЕНИТЕ“ ВО ПРОБЛЕМИ СО ПОВРЕДЕНИ ИГРАЧИ

Ливерпул сезонава целото внимание го насочи кон освојување на трофејот во најмасовното европско клупско натпреварување кое гарантира пласман во Лигата на шампионите идната сезона откако претходно испаднаа од игра за место во Европа преку првенството. Во изминатите неколку денови тренерот Јирген Клоп се соочи со проблеми поради повредите на двајцата фудбалери кои се во топ форма Емре Џан и Дивок Ориги. Тие дефинитивно нема да бидат во комбинација за настап, а во срцето на одбраната ќе го нема Мамаду Сако, кој поради проблемите со допинг тест нема да игра додека не го реши проблемот.

Па Клоп принудно во составот го стави Кристијан Бентеке, кој е недоволно заздравен и кој ќе мора, ако треба, да собере сили и да даде сè од себе. Меѓу патниците за Виљареал се уште Џордан Роситер, Педро Киривеља и Олувасеи Оџо, кои се членови на младинскиот тим.

КЛОП: ВИЉАРЕЛ Е ХРАБАР ТИМ

Клоп е свесен дека пред себе има голем предизвик иако за противник има екипа која нема освоено европски трофеј. Популарната „Жолта подморница“ е меѓу „помладите“ шпански екипи во европските купови, но има одличен биланс и атакува на прво финале.

„Тие се силен тим и се четврти на табелата во шпанското првенство. Зад себе имаат одлична сезона и се одличен клуб кој доаѓа од мал град. Јасно е дека за нивниот успех се заслужни паметни луѓе. Играат храбро и затоа ќе треба да многу да внимаваме. Ќе мораме да покажеме дека сме посилни од нив за да се радуваме на пласман во финалето“, изјави Клоп.



„ЖОЛТИТЕ“ НА ДОМАШЕН ТЕРЕН ИМААТ ШЕСТ ОД ШЕСТ

Виљареал го завери пласманот во полуфиналето по двојната победа (дома и гости) над Спарта Прага. „Жолтата подморница“ нема пораз на последните 11 европски натпревари и ги доби сите шест домашни натпревари во досегашниот дел од сезоната со само еден примен гол (ги победуваа Плзен, Динамо Минск, Рапид Виена во групата и Наполи, Баер Леверкузен и Спарта Прага во нокаут-фазата). Вреди да се додаде и дека Виљареал постигнуваше голови на 30 од последните 31 натпреавари во Лигата на Европа, што покажува дека важи за ефикасна екипа.

Играчот од средниот ред Денис Суарез вели дека Виљареал заслужува да игра во финалето на Лигата на Европа.

„Сите се возбудени затоа што сме на чекор до финалето. Покажавме одличен фудбал и забележавме добри резултати во Лигата на Европа и мислам дека заслужуваме да играме во финалето“, вели Суарез.

„Мислам дека ќе биде атрактивен натпревар затоа што двете екипи негуваат напаѓачки стил, со брза транзиција од одбрана во напад и очекувам брза и отворена игра. Свесни сме за големината на Ливерпул, но и за тоа дека тие не играа добро во Премиерлигата и сакаат преку Лигата на Европа да го покажат квалитетот. Мораме да бидеме добри и мотивирани. Најважно е да не примиме гол на домашен терен затоа што тие можат да го одлучат патникот во финалето“, вели крилниот играч од Галиција.



„РУДАРИТЕ“ ГО РУШАТ ШАМПИОНОТ

Mногумина ќе кажат дека Лигата на Европа е натпреварување скроено по мерка на Севиља, односно направено само за неа, но патот на актуелниот шампион во ова натпреварување до финалето води преку Украина и солидниот Шахтјор.

Севиља во претходната рунда се мачеше против Билбао и преку пенал рулетот на својот „Санчез Писхуан“ помина во полуфиналето. Тимот на Унаи Емери пред неколку дена славеше во градското дерби против Бетис (0:2) со што ја прекина серијата од два меча без победа, но ќе има тешка задача да го напушти Лвов непоразен и како фаворит да влезе во реваншот.

Ако се земе предвид страдањето на Брага во претходната рунда (4:0) јасно е дека „Арена Лвов“ е најголемиот адут на Шахтјор во намерата да оствари добар резултат пред реваншот. Екипата на Мирчеа Луческу можеби е во мала криза и во лоша форма бидејќи врза две ремија во купот и првенството на Украина и практично им ја подари титулата на Динамо Киев меѓутоа со настапите во Лига Европа оваа сезона покажа дека има квалитетен тим составен од Бразилци и Украинци и предводен од неуморниот капитен Дарио Срна.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...