Ибраими прави „кам бек“ во Италија

Откако една сезона го носеше дресот на Калјари, поточно во сезоната 2013/2014 кога како позајмен беше во Серија „А“, на добар пат е таму да биде и во сезоната 2016/2017. Агим Ибраими е многу блиску до „кам-бек“ во Италија, дознава „Македонски спорт“ од сигурни извори. Поточно е јасно дека Агим Ибраими ќе има нов клуб по завршувањето на сезоната, а речиси 100% се враќа на „Чизмата“. Ибраими има одлична биографија, има играно во Италија, репрезентативец е и тоа ќе му донесе нов трансфер откако е јасно дека ќе си замине од Марибор по караницата со Златко Заховиќ и преписката којашто беше актуелна во изминатиот период.



Наскоро ќе се знае и новиот клуб на Ибраими, а тој како слободен ќе се пресели во Италија откако ќе добие раскин на договорот по караницата и тужбата со Марибор.

ПАНДЕВ КАКО ПОМОШ

Агим Ибраими ќе има помош во обидот да направи трансфер во Италија. И тоа од најдобриот македонски фудбалер, од големиот Горан Пандев. Менаџерите на Пандев ќе му помогнат на Ибраими да се врати во Италија, вест која ја потврди и фудбалерот на Џенова.



„Да, точно е. Моите менаџери ќе му помогнат на Ибраими. Јас разговарав со нив и им реков поради тоа што знам дека Агим е квалитетен фудбалер и одличен како личност. Ќе се обидам колку што е во моја моќ да му се помогне затоа што тоа што му се случи не го заслужува. Верувам дека ќе најде добар клуб каде што ќе ја продолжи кариерата“, изјави Пандев.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...