Париз, 30 април 2016 (МИА) – Фудбалерите на францускиот првак ПСЖ остварија победа од 4:0 на првиот дуел од 36. коло до Лига 1 над Рен и сите четири голови ги постигнаа во второто полувреме.
Стрелци на головите беа: Максвел (50.минута), Златан Ибрахимовиќ (54 и 78) и Единсон Кавани (90+1). ПСЖ веќе го има обезбедено првото место.
Денеска се играат натпреварите: Нант – Ница, Сент Етиен – Тулуз, Каен – Бастија, Лориен – Лил, Монако – Генгамп, Ремс – Монпеље, Троа – Бордо и Олимпик Лион – Ајачио.
В недела се игра натпреварот меѓу Анже – Олимпик Марсеј.
Табела: ПСЖ 89 бодови (шампион), Олимпик Лион 59, Монако 59, Ница 57, Сент Етиен 57, Лил 53, Рен 52,...