Кошмарот на Лестер од 1963 година

Лидерот во Премиерлигата може да ја освои титулата денеска, но не заборава на деновите од пред 53 години и четирите порази во серија

Фудбалерите на Лестер со нетрпение го очекуваат крајот на сезоната, но историчарите и оние кои се вљубени во фактите од минатото предупредуваат за случките од 1963 година. Тогаш тимот на Лестер исто така имаше можност да дојде до титулата во Англија, но сезоната ја заврши со четири порази во серија.

Кошмарот кој се случи во 1963 година, кога Лестер остана без трофеј, сега е предупредување за момците на Раниери да не се опуштаат. Имаат тежок распоред бидејќи гостуваат кај Манчестер Јунајтед, па го пречекуваат Евертон и на крајот играат кај Челзи. За да не се случи повторно годината која сите сакаат да ја заборават.

Пред 53 години фудбалерите на Лестер биле познати како „Ледените кралеви“, а стадионот на кој играле „Филберт стрит“ наликувал на леден дворец. Истата сезона „Лисиците“ играат и во финалето на ФА купот, но на крајот завршуваат без трофеј.

Лестер финишира со четири порази во серија, а на крајот завршува на 4. позиција. За да биде малерот поголем во финалето на ФА купот губат од Манчестер Јунајтед. Во тој тим кој настапуваше во 1962/63, менаџерот Мат Гилес во текот на целата сезона сметал само на 17 играчи, што е речиси исто како и сега кога Раниери на досегашните 35 средби им даде шанса на 18 фудбалери.

Во 1963 лошата серија тргнува со поразот од Вест Хем на седум кола до крајот. Тогаш го губат првото место. Потоа следува реми на гостувањето кај Јунајтед и победа дома против истиот тим со што Лестер се враќа на првото место. По ова следува победа од 1:0 против Ливерпул во ФА купот и тука следува серија од четири порази против ВБА, Болтон, Астон Вила и Бирмингем. На крајот титулата завршува кај тимот на Евертон.

„Поминав девет години во Лестер, но тоа што го доживеав во 1963 година беше најлошото нешто. Тоа беше вистински кошмар. Уште ме боли испуштената можност да дојдеме до титулата. Имавме неверојатна шанса за двојна круна, а останавме без ништо. Сега ги стискам палците за фудбалерите кои се дел од овој тим. Се надевам дека она што ни се случи нам нема да се случи никогаш повеќе“, вели Дејв Гибсон, кој сега има 77 години, а тогаш настапуваше за тимот кој испушти одлична можност за место на тронот.

10 ФАКТИ ЗА ЛЕСТЕР

- Радио Лестер е првото локално радио во Велика Британија. Отворено е во 1967 година.

- Сметаат дека овој град има најголем број семафори од сите градови во Велика Британија.

- Пазарот во Лестер е најголемиот откриен пазар со покрив во цела Европа.

- Во 1961 година градот влезе во Гинисовата книга на рекорди со најголемиот супермаркет на планетата, „Теско“.

- Кралскиот универзитет „Де Монфорт“ е најголемата зграда во Европа со природна вентилација.

- Во Лестер се одржува најголемиот годишен фестивал на индуизмот „Дивали“, кој е надвор од Индија. Над 35.000 лица учествуваат на овој празник на светлината на улицата „Белгрејв“.

- Еден од најдревните градови во Велика Британија со историја над 20 века.

- Десетти град по големина во Велика Британија со околу 330.000 жители.

- Родното место на Томас Кук.

- Експертите се обединети околу тврдењето дека Лестер е родното место на модерниот англиски јазик.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...