Барселона го освои „Кола дел Реј“

Екипата на Барселона по 28.пат во својата историја го освои фудбалскиот Куп на Шпанија. Во финалниот натпревар одигран синоќа на „Винсенте Калдерон“ во Мадрид, фудбалерите на Барселона забележаа победа над Севилја со 2:0 по продолженија.



Головите беа постигнати по две асистенции на Лионел Меси. Најпрво Џорди Алба погоди во 97.минута, а победата на каталонскиот тим ја потврди Нејмар во 120+2 минута.



Барселона од 36.минута остана со играч помалку откако директен црвен картон заработи Хавиер Маскерано, а силите на теренот беа израмнети во 90.минута по црвениот картон на Евер Банега. Во 120.минута исклучен беше уште еден играч на Севиља, Даниел Карико, па Андалузијците натпреварот го завршија со девет фудбалери.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...