Мурињо потпишува денеска

Мурињо има свои приврзаници во Манчестер јунајтед, но има и такви коишто се против него, па ќе биде интересно да се види како ќе успее да се снајде. Јасно е дека тој веќе работи на планот за засилување на составот, а во неговиот бележник има неколку фудбалери кои располагаат со квалитет и кои би можеле да придонесат за далеку подобри резултати.

ПРАШАЊЕТО СО ЧЕЛЗИ Е РЕШЕНО

Проблемите околу договорот кои беа поврзани со екипата на Челзи се веќе решени. За правата за рекламни продукти коишто ги поседува тимот од Лондон веќе е најден договор така што последната пречка за потписот на Мурињо со Манчестер јунајтед е надмината и тој од денеска би можел и официјално да се најде на клупата на „ѓаволите“.

Остануваше вчера да се решат спорните договори коишто Мурињо ги има со фирми кои не се поврзани со клубот, но тоа е полесниот дел од работата.



ВИЛИЈАН КАКО ОПЦИЈА

И додека се очекува во следните денови да се види дали Рајан Гигс ќе остане дел од стручниот штаб и на новиот менаџер на Манчестер јунајтед, веќе се зборува за засилувањата. Вилијан од Челзи е првото име кое би требало да пристигне, а сумата која што би требало да биде платена е 60 милиони фунти.

Покрај него се споменуваат и Саул Нигуез од Атлетико Мадрид, Гонзало Игуаин (Наполи)... но и уште неколку играчи коишто би требало да придонесат за нов и многу посилен Манчестер јунајтед.

ИБРА ЌЕ ДОБИВА ГОЛЕМА ПЛАТА

Швеѓанецот Златан Ибрахимовиќ би требало да пристигне во Манчестер во текот на следната недела, а веќе се зборува дека тој постигнал договор за соработка во следната година. Неговиот договор би требало да биде на една плус една година, а годишната плата би требало да изнесува околу 16 милиони фунти.

Платата која би ја добивал неделно би била 250.000 фунти што е нешто над 315.000 евра.



НАЈГОЛЕМИ ПРИХОДИ ВО ПРЕМИЕР

Манчестер јунајтед е тимот кој има заработено најмногу пари од формирањето на Премиер лигата. Јунајтед има заработено 870.3 милиони фунти со што се наоѓа пред Арсенал кој е втор со заработка од 842.8 милиони фунти.

Третата позиција е за Ливерпул, кој има плус од 815,4 милиони. Шампионот од оваа година, Лестер, пак, се наоѓа на 25. позиција на вечната листа со приход од 247,7 милиони фунти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...