Брахими на Енфилд за 45 милиони фунти?

Еден од најтрофејните англиски клубови Ливерпул е на пат да го направи најскапиот трансфер во историјата со тоа што ќе го ангажираат голгетерот на Порто, Јасин Брахими. Според португалските медиуми преставници на „Црвените“ веќе направиле контакти со луѓето од Порто, а за одличниот алжирски напаѓач се подготвени да платат 45 милиони фунти.

Најскапите фудбалери на Ливерпул се Кристијан Бентеке и Енди Керол кои беа купени од Астон Вила односно Вест Хем за 35 милиони фунти како и Роберто Фирмино кој дојде од Хофенхајм за 30 милион фунти. Брахими дефинитивно ќе биде нов рекордер.



Инаку Брахими премина во Порто во 2014 година од Гранада за пет милиони фунти и за брзо време се прилагоди на стилот на игра на португалскиот гигант. Сезонава тој одигра 33 меча во првенството.

ШКРТЕЛ ЗАМИНУВА

Одбранбениот фудбалер на Ливерпул, Мартин Шкртел најверојатно ќе го напушти клубот ова лето во насока на Бешикташ. Словачкиот репрезентативец во последните две сезони не е стандарден во тимот што е јасен показател дека треба да си бара нов клуб. Сезонава поради повреда пропушти многу натпревари, а по заздравувањето запиша само еден меч затоа што тренерот Јирген Клоп повеќе веруваше во Коло Туре и Дејан Ловрен во одбраната.

„Бешикташ е еден од клубовите кои се интересираат за Мартин, но не сме стигнале до договор. Уште не знаеме дали тој ќе оди таму или на друго место, но 90% е сигурно дека ќе го напушти Ливерпул“, изјави агентот на играчот.

ПРОПАЃААТ ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ГЕЦЕ?

Ливерпул најверојатно ќе извиси за Марио Геце откако германскиот репрезентативец одлучи да остане во Баерн и покрај тоа што нема голема минутажа. Геце се надева дека ќе може да избори место во првиот тим кај новиот тренер Карло Анчелоти поради што ги прекинува сите преговори со другите клубови вклучувајќи го и Ливерпул кој беше најзагреан да го донесе во своите редови.



Геце има уште 12 месеци од договорот со Баерн, клубот сакаше да го продаде но играчот реши да остане. Првиот човек на Баерн, Карл-Хајнц Румениге е изненаден од одлуката на Геце и го советува да размисли за одлуката.

„Му објаснивме на Марио како стојат работите. Знае што клубот мисли за него и што мисли новиот тренер. Тој треба да ја преиспита одлуката затоа што сака редовно да игра, а клубот неможе да му ја исполни желбата“, изјави Румениге.

Според медиумите Ливерпул претходно се договорил за трансфер вреден 25 милиони евра и одлична плата за играчот но сето тоа сега паѓа во вода.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...