Мурињо ќе избрка еден цел тим

Новиот тренер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, почнува со „чистењето“играчи, кои нема да бидат во неговите планови за следната сезона. Португалскиот стратег беше доведен на „Олд Трафорд“ за да го врати клубот на победнички патеки. Откако од Јунајтед си замина легендарниот менаџер сер Алекс Фергусон, тимот не може ниту да припари до шампионскиот трофеј, па токму затоа е доведен Мурињо.

Мурињо испрати список од дури 11 играчи на кои не планира да ги има во своите планови за следната сезона. Тоа значи дека точно еден тим ќе си замине, доколку челниците на клубот ги прифатат сугестиите на стратегот.

 

Очекувано, предводник на листата на „непогодни“ е Хуан Мата, а таму се и Лук Шо, Андер Ерера, Мемфис Депај, Бастјан Швајнштајгер, Маруан Фелаини, Мајкл Керик, Гиљермо Варела, Маркос Рохо и голманот Серхио Ромеро. Тренерот уште не решил каква ќе биде иднината на Матео Дармијан и Антонио Валенсија.

НА СУД ПОСТИГНАТ ДОГОВОР СО КАРНЕИРО

Челзи и поранешниот клупски менаџер Жозе Мурињо во судот во Лондон постигнаа договор со поранешната докторка на тимот Ева Карнеиро. Докторката ги тужеше клубот поради раскин на договорот и Мурињо поради дискриминација.

Во понеделникот таа одби отштета од 1,2 милиони фунти, а вчера се откажа од процесот бидејќи постигна договор со Челзи, а нејзиниот адвокат рече дека условите се строго доверлива тајна.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...