Полска преку пенали прва до четврт-финале

Полска ја совлада Швајцарија по изведувањето на пенали, откако првото осминафинале од Евро 2016 заврши нерешено 1:1, со одличните голови на Блашчиковски, односно Шаќири

Почетокот на елиминациите на ЕП донесе 120 минути фудбал и десет удари од белата точка после кои Полјаците беа тие што се радуваа, додека Швајцарија си оди дома.

После десет изведени пенали од пенал рулетот селекцијата на Полска го доби првото осминафинале на ЕП коешто донесе големи возбудувања и максимално израмнет фудбал. Полска имаше сигурни изведувачи кои ги погодија сите пенали, за разлика од Швајцарија каде што трагичар е Гранит Џака кој својот пенал го шутна покрај голот.

Со оваа победа Полска стана првиот четврт-финалист на овој шампионат и сега мирно ќе го очекува дуелот меѓу Хрватска и Португалија бидејќи победникот ќе биде и следниот протвник на Полјаците. Херој на Полска е Криховјак кој го реалираше последниот шут така што донесе голема победа и најголем успех досега на Европските првенства.

И двете репрезентации добија по едно полувреме. Полска имаше иницијатива во првите 45 минути и успеа во финишот да дојде до предност од 1:0 и со овој резултат да замине на одмор. Сепак, во продолжението Швајцарците тргнаа во офанзива. Дури селекторот Петковиќ внесе во игра напаѓач место фудбалер од средниот ред, а тоа даде резултат бидејќи на осум минути до крајот дојде до гол. Шаќири реализираше со полуножички, а неговиот удар беше неодбранлив така што Фабијански мораше првпат на ова првенство да ја извади топката од својата мрежа.

Инаку, Шаќири ќе остане запишан како првиот играч кој успеа да ја матира одбраната на Полска бидејќи на првите три средби Полјаците не примија ниту еден гол.

Во продолженијата Швајцарија беше подобрата репрезентација и успеа да создаде многу шанси. Дел од нив завршија со одбрана на Фабијански, додека повеќето играчите на Швајцарија не ги реализираа и не беа доволно снаодливи.

ШВАЈЦАРИЈА – ПОЛСКА 4:5 пен. (1:1)

Шаќири 82’ – Блашчиковски 39’

ПЕНАЛ СЕРИЈА

1:0 ЛИХТШТАЈНЕР

1:1 ЛЕВАНДОВСКИ

1:1 Џака

1:2 МИЛИК

2:2 ШАЌИРИ

2:3 ГЛИК

3:3 ШЕР

3:4 БЛАШЧИКОВСКИ

4:4 РОДРИГЕЗ

4:5 КРИХОВЈАК



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...