Герет Бејл и тајните за него

Фудбалерот од Велс, Герет Бејл стана еден од ретките играчи кои успеале да постигнат гол на секој меч од групната фаза. Тој постигна по еден на првите три средби, но не успеа да реализира и во осминафиналето. Сепак, со неговите колеги успеа да ја помине Северна Ирска и да си обезбеди место меѓу најдобрите осум селекции, а веќе в петок ќе го игра дуелот од четврт-финалето каде што се очекува одново да биде на потребното ниво и да оди кон уште поголем успех.

Како дебитанти Герет и Велшаните досега стигнаа до голем успех, а пласман во полуфиналето би било нешто феноменално за овој состав.

Во продолжение следуваат 18 работи коишто досега се малку познати за Герет Бејл, па за сите оние што не ги знаеле се интересни да се имаат како податок за големата ѕвезда на светскиот фудбал.



1. Професорот му забранувал да шутира со лева нога

Шеговита верзија: Што можел да направи друго кога малиот Герет бил премногу добар за своите врсници?

Сериозна верзија: Професорот сакал да го направи универзален фудбалер, затоа постојано го терал да шутира со послабата десна нога.

„Секогаш кога ќе се свртеше, јас шутирав со левата“, призна Бејл во интервју.

2. Го откриваат уште на девет години

Во септември во 1998 година во канцеларијата на „Саутемптон“ пристига факс од некојси Род Радик, кој е скаут, кој се шета веќе три години низ Британија и бара млади таленти. Испраќа список од сами три имиња. Бејл тогаш е деветгодишно момче од „Велиндер Роуд“ во северен Кардиф.

Радик го открива еден месец порано на детски турнир во Њупорт, Јужен Велс. Бејл трча како луд и агентот одлучува да не губи време. Ги наоѓа неговите родители и ги убедува да го пуштат во академијата на „Саутемптон“ во градот Бат.

3. Како дете Бејл не е најбрзиот во тимот.

На 11 години, Герет е трет во Велс на 50 метри спринт, но по тоа почнуваат проблемите.

„Бев многу низок, но наеднаш почнав да растам, а поради тоа се појавија болки во грбот“, си спомнува Бејл.

Поради овој проблем од Саутемптон го отстрануваат за кратко од тренинзите и се размислуваат дали да го отпуштат. Бејл и со болки трча брзо, но едноставно не е најбрзиот. Тео Волкот на пример во она време трча 10 метри за 1.76 с, додека Герет е побавен за 12 стотинки.

4. Брзината не му е единственото оружје

Бејл ги воодушевува тренерите како јуниор, но не толку со брзината колку со издржливоста. Тој е неспорно најдобриот во тимот со трчање на одредени делници, наречени јо-јо. И не само тоа, резултатите му се двапати подобри од другите во тимот.

5. Ќе го истепале поради обетки

Франк Бејл, училиштен чувар, а подоцна сликар и декоратер го воспитува својот син строго. Веројатно поради ова ѕвездата на Реал Мадрид не пие иако тврди дека едноставно не му се допаѓа вкусот на алкохолот. Тој и не пуши, а никогаш не помислил за тетоважа. Како мал еднаш си ставил обетка и така влегол во кујна.



„Татко ми така ме погледна што си помислив дека ќе ме претепа во истата секунда“, раскажува Герет.

6. Бенитез се одлучи за Ризе

Кога Бејл почнува да станува константен во почетниот состав на Саутемптон станува интересен за големите клубови. Покрај останатите кои се интересираат за него е и менаџерот на Ливерпул, Рафаел Бенитез. До официјална понуда не доаѓа бидејќи Герет игра на позицијата лев бек, а Рафа одлучи да го ангажира Данецот, Јон-Арне Ризе, за кој смета дека е подобар.

7. Сакале да го сменат на „Џузепе Меаца“

Среда, 20 октомври 2010 година. Тоа е денот кога неговиот живот и кариера се менува, но исто така и кариерата на Мајкон. Репутацијата на Бразилецот, кој беше сметан за еден од најдобрите десни бекови во тоа време е уништена. Оттогаш Бразилецот Мајкон почесто слуша скандирања: „Такси! Такси!“, отколку што добива аплаузи. Герет Бејл, пак, престанува да биде „оној со големите уши“, а тогаш го прави првиот чекор кон европска суперѕвезда.

Против Интер, голманот на Тотенхем, Аурелио Гомез, добива црвен картон уште во 8. минута. На одмор, Интер има предност од 4:0.

Во соблекувалната на тимот од Лондон на паузата некој предлага Бејл да биде заменет со стопер за да не бидат повеќе цел на фудбалерите на Интер и да не примаат веќе голови. Сепак, менаџерот Хари Реднап е против со образложение дека Бејл е најостриот фудбалер кој го имаат во тимот.

Второто полувреме е нешто неверојатно за Бејл. Буквално го „извади од копачки“, бекот на Интер, Мајкон. Постигна хет-трик, а на реваншот во Лондон по две недели го довршуваат Интер со победа од 3:1.

8. Му се потсмеваат на фризурите

Кога Реднап пристигна во Тотенхем тимот се наоѓа на дното на табелата. Носителот на духот на старата школа на британски тренери, ја раздвижува соблекувалната и дели голем број критики за играчите. Застанува пред Бејл, го погледнува големото количество гел на косата и му вели:

„Престани да правиш некакви глупости со косата“.

9. „Проклетството Бејл“ е тема во соблекувалната

Сега не е за верување, но од дебито на Герет Бејл во Премиер лигата Тотенхем нема победа со него во составот цели 1533 минути. Тоа е еден од најневеројатните рекорди во Премиер лигата и тогаш самото споменување на Бејл во составот ги водело до предност противниците. Сето тоа завршува кога влегува како резерва против Барнли во 85. минута при 4:0 за Тотенхем. Тренерот му вели: „Ако израмнат, побарај си нов клуб!“



10. Колку што е брз, толку е и скромен

По оној гол во Ел класико, кога Герет истрчува како ракета по крило, скаутот којшто го открива, Рон Радик му праќа СМС порака.

„Најдобриот погодок кој го имаш постигнато, нели?“

На ова добива одговор: „Не беше лош, навистина“.

Радик е изненаден од тоа колку Велшанецот е скромен. Дури и по хет-трикот против Интер тој не прави забава туку оди да игра голд со поранешните соученици. Кога се враќа, над каминот на статуетката за играч на мечот ја става листата со резултатите од голф натпреварот.

11. И чичко му исто е професионален фудбалер

Неговиот чичко, Крис Пајк исто така бил професионалец, но не се одликувал со голем талент. Врвот на кариерата го достигнал како напаѓач за Фудбал за кој одиграл 42 средби во средината на 80-тите години. Сепак, вели дека би го победил Герет во натпреварување кој повеќепати ќе ја погоди гредата.

12. Приврзаник на сериозните односи

Неговата девојка се вика Ема Рис-Џонс и двајцата се во врска повеќе од десет години, уште од училиште. Гестовите по секој гол е посветен на неа. Тоа е срце направено со рацете.

13. Не е приврзаник на фитнес

Кога во летото во 2014 година Бејл се појавува на првиот тренинг на Реал, сите се потресени. Тој изгледа така како да не престанал со фитнес тренинзите во текот на летото. Според неговите мисли тоа не е за верување: „Колку часа дневно минувам со фитнес? Нула, се колнам. Едноставно порано одев со нормални маички со ракави и луѓето не ги гледаа моите раменици. Пред почетокот на сезоната малку трчав, но ништо повеќе. Можеби тоа е од голфот, а можеби и од тенот кој го фатив во Шпанија“.

14. Тоа со голфот е сериозно

Кога станува збор за голфот, Бејл е вистински поклоник на тој аристократски спорт. До тој степен, што минатата година успеа да исполни еден свој дамнешен сон и си направи терен за голф во задниот двор од својот дом во Јужен Велс. Главната знаменитост се трите дупки кои се веројатно реплика на најпознатите дупки во светот - 17. на ТПЦ Соуграс во Флорида, 11. на Аугуста Национал во Џорџија и 8. на Ројал Трон во Шкотска. Сеедно, можеби некој голфер ќе направи игралиште со димензии како „Олд Трафорд“, „Сантијаго Бернабе“ и „Алијанц арена“.

15. Не може да спие поради доцните средби

Во Мадрид освен поради јазичната бариера, Бејл страда и од доцните термини за почеток на натпреварите. После крајот Велшанецот долго време не може да заспие и седи на интернет и најчесто следи резултати од турнирите во голф. Поради проблемите со сонот тој се поврзува со Ник Литлхајлс, кој е експерт и приврзаник на научното истражување при изучувањето на сонот и го следи режимот на Реал.

16. Се советува со психолог поради култот кон Роналдо

Во септември минатата година Герет Бејл бара совети од познатиот психолог од Британија, Џејми Едвардс, кој работи со фудбалерите како Лук Шоу и Џо Харт. Причината е во доминацијата на Кристијано Роналдо во Реал Мадрид, а во еден момент поради ова не издржуваат ниту нервите на неговиот агент, Џонатан Барнет.

„На Бејл му подаваат многу помалку“, вели тој и предизвикува скандал.

Се тврди дека тогаш и нервите на Герет се пред уништување, но поради скромноста тој не реагира. Едвардс е поранешен кошаркар, кој е познат по тоа дека не го сака мотото на позитивно мислење туку обратно. Тој ги тера клиентите да си постават реални и конкретни цели. Сето ова се случува навреме и Бејл има неверојатна сезона во Реал Мадрид и ја освојува Лигата на шампионите, а досега го остава во сенка Роналдо на Европското првенство.

17. Агентот на Бејл се шегува со Мендеш

Ако некој не се плаши од моќниот фудбалски агент Жорже Мендеш тоа е Џонатан Барнет. Никој друг не си дозволува коментира поврзани со Мендеш од типот: „Ние работиме со играчите, тој работи со клубовите. Тој е одличен агент, но јас сум подобар“.

Тука некаде Барнет не пропушта да дополни дека еден ден неговиот клиент Герет Бејл ќе биде најдобриот фудбалер во светот, но и да му напомене на неговиот португалски колега дека е агент на најскапиот играч на светот.

„Тој сака да го игнорира овој факт, но јас сум сигурен дека не престанува да мисли како да ме надмине“.

18. Бејл ја претчувствува иднината

На друг начин не може да се објасни фактот што Бејл има фотографија со дрес на Реал Мадрид уште од дете.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...