Еден од одбранбените фудбалери на Борусија Дортмунд, Невен Суботиќ го напушти клубот по осум години верност и сега е во потрага по нов.
Српскиот репрезентативец играше стандардно додека Јирген Клоп беше тренер, но не се наигра во минатата сезона под раководство на Томас Тухел поради што во разговор со челниците на клубот добил дозвола за заминување. Еден од заинтересираните клубови за централниот бек е Ливерпул каде тренер е токму Клоп, човекот кој и го донесе во Дортмунд од Мајнц.