Италија сака да стави крај на „црвената фурија“

Пред четири години овие две селекции беа дел од финалето на континенталниот собир и се бореа за трофејот. Резултатите и форматот на натпреварување сега сакаше Италија и Шпанија да се сретнат уште во првата фаза, односно на крајот една селекција да не биде ниту најдобрите осум во Европа. Коинциденција е тоа што и овој пат ќе играат на стадионот на кој ќе се дознае новиот европски владетел, но не денеска, туку на мечот кој е закажан за 10 јули. Европските гиганти играа во пријателски меч во март оваа година, а дуелот заврши без победник, 1:1.

„ЦРВЕНАТА ФУРИЈА“ САКА ТРАДИЦИЈАТА ДА ПРОДОЛЖИ



Овие две селекции како да се претплатија да играат меѓусебе на ЕП. Ова е трето континентално натпреварување, а тие да се соочат во нокаут-фазата. Во 2008 година, дуелот од четврт-финалето заврши без голови, а Шпанија победи на пенали. Четири години подоцна борбата за златото беше нивниот влог, а тимот од Пиринеите беше убедлив со 4:0. Сега Шпанија се надева дека ќе продолжи традицијата да ја елиминираат Италија, за да се радуваат на трофејот.

„Секогаш е тешко кога се игра против Италија. Тоа е многу силен тим. Сепак, ние нема да го менуваме нашиот стил на игра. Без разлика кој е противникот, ние ја играме нашата игра. Сакаме да имаме контрола на топката и да напаѓаме“, рече играчот за врска, Тијаго Алкантара.

„АЅУРИТЕ“ САКААТ ДА ГО СОПРАТ ШАМПИОНОТ

И во репрезентацијата на Италија се свесни дека токму Шпанија бил противникот кој им ги создал најголемите болки во последните неколку години на големите натпреварувања. Интересно е што во составот на селекторот Антонио Конте има дури четворица играчи кои беа дел дури и од ЕП 2008 година. Тоа се Џиџи Буфон, Андреа Барзаљи, Џорџо Кјелини и Даниеле де Роси. Токму Кјелини се сеќава на тие средби.

„Шпанија е нашиот кошмар кој започна од 2008 година. Тоа е периодот кога стартуваше нивната златна ера. Сите сакаме конечно да им се одмаздиме за тоа што нè победија во 2008 и 2012 година. Не очекувавме дека во оваа фаза ќе играме против нив, но тоа се случи и сега мора добро да се подготвиме“, рече Кјелини, кој треба да биде еден од столбовите во одбраната на селекцијата која важи за една со најдобрите одбрани. Освен на последните две ЕП, Италија загуби од Шпанија и во полуфиналето на Купот на конфедерациите во 2013 година и тоа на пенали.



ЗАВРШИЈА СО ПОРАЗИ ВО ГРУПАТА

И Италија и Шпанија во овој меч влегуваат по поразите во групната фаза. Италија веќе го имаше обезбедено првото место, кога беа поразени од Република Ирска со 1:0, додека Шпанија неочекувано со 2:1 загуби од Хрватска. Сепак, Шпанците воопшто не се разочараа од тој пораз, кој велат дека им бил како добро предупредување.

„Италија има одлична одбрана, но тоа не значи дека играат дефанзивно. Одлично знаат да се трансформираат и сигурно се многу поподготвени од пред четири години“, рече селекторот на Шпанија, Висенте дел Боске.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...