Аргентина го моли Меси да остане

Претседателот на Аргентина, Маурисио Макри, побарааа Лионел Меси да ја смени својата одлука за заминување од репрезентативниот дрес на „гаучосите“. Освен првиот човек на земјата, со исто барање се јави и фудбалската икона Диего Армандо Марадона. Тие сметаат дека Меси е уште потребен во националниот тим и дека мора да остане, без разлика на досегашниот неуспех и разочарувањата кои ги имаше. Популарниот Лео реши да се повлече по поразот на Аргентина во финалето на Копа Америка од Чиле. Тоа беше разочарување за цела Аргентина, но, сепак, сите знаат дека Меси е лидер на селекцијата и мора да остане.



НЕ ТРЕБА ДА ГИ СЛУША КРИТИКИТЕ

Аргентина го загуби третото финале во последните три години, на големите натпреварувања. Во 2014 година беше поразена во финалето на Светското првенство од Германија, лани на пенали капитулираа пред Чиле на континенталниот турнир, а сега на шампионатот кој е по повод 100-годишнината од Копа Америка повторно на пенали не успеаја против Чиле.

„Претседателот го повика Меси да не се откажува. Тој е горд на репрезентацијата и на игрите кои ги прикажаа. Го советува Лео дека треба да продолжи да игра и воопшто да не обрнува внимание на критиките кои ги добива“, објави во соопштение прес службата на претседателот Макри.

Аргентина последен пат се израдувала на злато од големо натпреварување на Копа Америка во далечната 1993 година. Предводник на таа победничка генерација на „гаучосите“ беше Марадона. Легендарниот фудбалер најави дека очекува Меси и другарите да се вратат со трофејот, а ако тоа не се случи, тогаш воопшто да не се враќаат дома. Сепак, сега Марадона застана во одбрана на Меси и вели дека и покрај тоа што го утна пеналот во финалето, сепак, треба да остане во составот.

„Тие кои го критикуваат Лионел треба да се отстранат бидејќи не се свесни каква катастрофа предизвикаа. Тој треба да остане и да го предводи националниот тим на Светското првенство во 2018 година“, рече Марадона.

Меси досега има одиграно 113 мечеви за Аргентина и е најдобар стрелец во историјата со 55 погодоци досега.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...