Еден од најдобрите светски фудбалери Кристијан Роналдо по освојувањето на европската титула со Португалија реши да се почести со нов автомобил.
„Пристигна ѕверот“, напишал Роналдо на својот профил на социјалните мрежи под фотографијата на „Бугати Вејрон 16.4 Гранд спорт“, еден од најбрзите и најскапи автомобили на светот и чија вредност на пазарот е околу 1,7 милиони фунти. Да потсетиме дека Роналдо во својата гаража има преку 20 скапоцени автомобили.
The animal arrive👍🔝
A photo posted by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on