Пеп воведе нови правила во Сити

Новиот менаџер на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, реши да ги стави под контрола разгалените ѕвезди на клубот со тоа што воведе нови правила. Шпанскиот стратег има свој принцип на работа и не сака да дозволи фудбалерите да бидат над него или да прават проблеми со кои ќе го уриваат неговиот углед и угледот на клубот. Пеп слични правила воведе и во Барселона и во Баерн, а сега и во Манчестер Сити, а едно од тие е задолжителна заедничка вечера по натпреварите на домашен терен, како и правилната исхрана. Кај претходниот тренер Мануел Пелегрини фудбалерите по завршувањето на натпреварите се забавуваа со своите сопруги и девојки во скапите ресторани и барови.

Покрај тоа Гвардиола го донел својот доверлив нутриционист да го „исчисти“ менито на фудбалерите од секакво „ѓубре“, вклучувајќи ја и вкусната пица која играчите ја порачуваат во соблекувалната на домашните натпревари.

„Гвардиола бара тимот да вечера заедно по натпреварите на домашен терен. Тој смета дека е важно фудбалерите да се хранат заедно еден час по натпреварот, што значи дека тие ќе се откажат од вечери со сопругите по мечевите. Ова правило нема да им се допадне на некои фудбалери. На пример тие многу сакаат да јадат пица во соблекувалната. Тоа сега не смеат да го прават“, изјави извор близок до клубот.

Од денеска Гвардиола ќе го засили темпото на тренинзи на Сити. „Граѓаните“ се подготвуваат во Германија, а од таму ќе заминат во Кина. Првиот посериозен контролен меч им е на 20 јули против Баерн Минхен на „Алијанц арената“. Пет дена подоцна во Пекинг ќе се сретнат со Манчестер Јунајтед, а на 28 јули против Борусија Дортмунд во Шенжен. На 7 август им е последната контрола и тоа против Арсенал на стадионот „Улеви“ во Стокхолм.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...