Мурињо победи - во Манчестер веќе се чувствува шампионска атмосфера

Жозе Мурињо триумфално дебитираше на клупата на Манчестер Јунајтед откако најтрофејниот англиски клуб во пријателски меч, со 2:0 славеше против англискиот второлигаш Виган. Португалскиот стратег е најзвучното засилувње во англиската Премиерлига. Манчестер, конечно, го доби тренерот, кој неколку години го посакуваше легендарниот стратег на „Црвените ѓаволи“, сер Алекс Фергусон.

Мурињо немаше тешка задача да победи против тимот кој игра во второто по ранг натпреварување во Англија. Головите за фаворитот беа постигнати во второто полувреме, откако беа направени многу измени на двете страни.

ВООДУШЕВЕН ОД ПРЕЧЕКОТ НА НАВИВАЧИТЕ

Иако се работеше за пријателски меч, повеќе од 5.000 навивачи на Манчестер заминаа во блискиот град Виган за да му посакаат топло добредојде на стратегот. Мурињо има големо искуство во Премиер лигата бидејќи во два наврати, а вкупно седум години беше на чело на екипата на Челзи, со која освои три титули во Премиер лигата. Навивачите ја пееја песната „Еднаш син, засекогаш црвен“, алудирајќи токму на времето поминато во Челзи. Фановите на Јунајтед оваа песна ја измислија за Вејн Руни, кој пред да дојде во Манчестер гоносеше синиот дрес на Евертон.

НА ПРВО МЕСТО СЕ ИГРАЧИТЕ

„Ова е неверојатно. Првпат во кариерата ми се случува на пријателски меч да се создаде атмосфера, како да е дуел од Премиер лигата за титула. Повеќе сакам навивачите да пејат песни за играчите на теренот или за клубот, а не за мене. Играчите се тие кои трчаат се борат и нив им е потребна поддршка. Еве директно ќе им кажам на навивачите: Пејте за играчите, сите тие се пред мене, а јас сум последен“, рече Мурињо по победата над Виган.

Португалскиот стратег беше задоволен од играта на фудбалерите, а посебно го истакна младиот 18-годишен дефанзивец Аксел Туанзебе, кој во игра влезе во 82. минута и имаше неполни 10 минути да покаже што знае.

„Може да играш 90 минути, а може и само една минута за да покажеш што знаеш. За Аксел доволно беа 10 минути за да го видам неговиот потенцијал. На теренот имаше уште неколку играчи кои беа одлични“, додаде Мурињо.

ВИЕНСКИ ВАЛЦЕР ЗА КОНТЕ

За разлика од Мурињо, новиот тренер на Челзи, Антонио Конте, доживеа дебакл на пријателскиот натпревар против Рапид Виена на гостувањето во австриската престолнина. Иако „сините“ настапија без дел од првотимците како Азар, Куртоа, Зума, Фабрегас и новите засилувања Батшуаји и Канте изгубија од Рапид со 2:0. Мечот го одбележаа дефанзивни грешки, а при првиот гол имаше неуспешна офсајд замка, додека за вториот виноник е Ивановиќ, кој се лизна во обид да ја исфрли топката, а противникот реализираше.

Сепак, Конте не е загрижен премногу затоа што ова е почеток на подготовките и има време да се темпира формата до стартот на сезоната во Премиер лигата.

И Милан ја забележа првата победи под раководство на новиот тренер Винченцо Монтела. Сусо беше херојот на „росонерите“ затоа што ги даде двата гола во победата со 2:1 против францускиот Бордо. А Севилја предводена од новиот стратег Хорхе Сампаоли славеше против аргентинскиот Ривер Плејт со 3:1 во пријателски меч одиграно во Орландо (САД).

ПОВРЕДА ЗА РОБЕН

Екипата на Баерн славеше против нисколигашот Липштад со 4:3 иако во еден момент имаше предност од 4:0. Но она што го загрижи новиот тренер Карло Анчелоти е повредата на Арјен Робен. Холанѓанецот излезе во 35. минута, а од тимот соопштија дека тој ќе го пропушти почетокот на сезоната во Бундес лигата поради повреда на препоните. Се очекува да паузира најмалку шест недели.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...