Борусија Дортмунд ќе биде посилна од лани

Германскиот гигант Борусија Дортмунд летово остана без тројца клучни играчи. Од таборот на „милионерите“ си заминаа Матс Хумелс, Илкај Гундоган и Хенрих Мхитарјан. Овие беа стандардни првотимци и столбот во играта. Сепак, и без овие тројца, Борусија Дортмунд се очекува да биде еден од најсериозните конкуренти на Баерн Минхен во трката за титулата во германската Бундес лига.

Според направените анализи, Борусија ќе создаде тим за новата сезона, кој може да биде уште посилен од ланскиот состав, иако веќе загубија тројца клучни играчи. Челниците од „Сигнал Идуна Парк“ веднаш најдоа одлични засилувања, кои треба да го подигнат нивото на игра на повисоко ниво.

Се очекува денеска да потпишат двајцата германски репрезентативци Марио Геце и Андре Ширле. Овие двајца би требало да бидат одлична замена за Гундоган и Мхитарјан во креативноста на играта и офанзивниот дел. Како замена за капитенот Хумелс во одбраната, треба да биде Сократис.

ЗАСТРАШУВАЧКИ НАПАДОТ

Борусија најави дека летово не планира да го продаде првиот напаѓач Пјер-Емерик Обамејанг. Репрезентативецот на Габон даде 25 гола во 29 меча во Бундес лигата, а во текот на целата сезона постигна 39 погодоци во 46 средби. Покрај Обамејанг, во офанзивниот дел ќе бидат повратниот Марко Ројс, како и новите засилувања Геце и Ширле. Сите тројца одлично се познаваат од настапите во германската репрезентација.

Ројс четири години беше дел од Борусија, но во 2013 година реши да ја прифати понудата на Баерн Минхен и си замина. Тогаш навивачите многу му се налутија и го сметаа за предавник. Сепак кога Ројс даде гол против „милионерите“, не се радуваше, покажувајќи почит кон тимот во кој сега повторно се враќа.

ОДБРАНАТА ТРЕБА ДА БИДЕ НА НИВО

Во деструктивниот среден ред, главната улога ќе ја имаат докажаниот Себастијан Роде, кој исто како Ројс доаѓа од редовите на Баерн Минхен. Роде одигра само 15 меча лани во Бундеслигата, а сега во Борусија би требало да има многу поголема минутажа. Покрај него ќе биде и еден од најталентираните млади играчи на таа позиција, Јулијан Вајгел.

Во одбраната тренерот Томас Тухел игра стандардно со четворица во линија. Таму треба да дејствуваат Марк Бартра кој доаѓа од редовите на шпанскиот првак Барселона.

НА СЕКОЈА ПОЗИЦИЈА ПО ДВАЈЦА КВАЛИТЕТНИ ИГРАЧИ

Покрај Бартра, во дефанзивниот ред се уште и Топрак, Сократис, Рафаел Гереро, Марсел Шмелцер, Лукас Пишчек и Ерик Дурм. Сите овие се докажани. Тренерот Тухел едноставно на секоја позиција може да смета на по двајца квалитетни дефанзивци. Голманската позиција е резервирана за легендарниот Роман Вајденфелер, а негова достојна замена е Бурки.

И во средниот ред имаквалитетни играчи кои може слбодно да конкурираат за првиот тим. Тука се Нури Сахин, Кастро, Мерино и Кагава, а Дембеле и Рамос се како опција во офанзивниот ред.

Борусија минатата сезона заврши на второто место во Бундеслигата со 78 бода, односно 10 помалку од шампионот Баерн, а дури 18 повеќе од третопласираниот Баер Леверкузен. Во последните неколку години тимот е или шампиони или веднаш зад Баерн Минхен, а така се очекува да биде и во сезоната која следи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...