Раниери: Големите полудеа и ќе сакаат да убиваат

Лестер Сити сензационално ја освои шампионската титула во англиската Премиер лига, додека другите клубови како Манчестер Јунајтед, Челзи, Ливерпул имаа разочарувачки настапи и не изборија место во Европа, додека Манчестер Сити и Арсенал немаа сили да водат војни на два фронта. Затоа во пресрет на новата сезона Јунајтед го донесе Жозе Мурињо за менаџер, Антонио Конте ќе го води Челзи, а на чело на Манчестер Сити застана Пеп Гвардиола. Притоа беа донесени голем број засилувања и сите овие промени во големите клубови означуваат дека се подготвени да гризат во новата сезона и не прифаќаат нов неуспех.

Италијанскиот стратег Клаудио Раниери вели дека Лестер ги принудил големите да полудат за одмазда, но исто така посочи дека со тоа ставија голем притисок врз нивните менаџери. И Ливерпул, Арсенал и Тотенхем исто така ги засилија своите состави па очекуваат да бидат подобри во новата сезона во најсилната англиска лига.

„Сега е поинаку. Видете ги големите клубови, кои не станаа шампиони и не се пласираа во Лигата на шампионите. Тие полудеа и ќе сакаат да убиваат. Не само нас, туку сите во Премиер лигата. Тие имаат нови менаџери, фантастични менаџери. Конте е одличен. Сите го знаат Жозе. Пеп Гвардиола е неверојатен човек и добар менаџер. Се смеам бидејќи на крајот на сезоната само еден ќе биде шампион. Во новата сезона притисокот не е врз мене туку врз нив“, вели Раниери.

ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧУВА СО ЛЕСТЕР?

Лестер загуби само три натпревари во шампионската сезона и го одбележа најголемиот успех во историјата. Тимот се подготвува за одбрана на шампионската титула во Англија, но и за прв настап во групната фаза на Лигата на шампионите. Раниери успеа да ги надитри конкурентите со „чиста“ тактика, постојано држење на фудбалерите будни, а на моменти имаше и среќа, па кога сè ќе се собере Лестер и заслужи да биде првак.

„Луѓето се љубопитни и постојано прашуваат како ќе изгледаме во новата сезона. Што ќе направи Лестер? Дали ќе го повтори успехот? Јас им велам дека би бил задоволен ако тимот игра на истото ниво како и минатата сезона. А титула? Титулата е сон“, додаде италијанскиот тренер.

„Лисиците“ загубија еден важен играч од средината на теренот, Нголо Канте, кој премина во Челзи, постои сериозен атак за трансфер на Ријад Марез, но Раниери веќе обезбеди квалитетни засилувања кои би требало да го одржат Лестер во конкуренција за висок пласман во Премиер и во ЛШ. Притоа ја добија најважната битка, го задржаа најдобриот стрелец Џејми Варди.

„Пред сè сакам да го видам тимот како се бори. Ако изгубиме, в ред, одиме под туш, и се подготвуваме за нова борба. Знаеме дека минатата сезона сè беше перфектно. Но мораме да веруваме дека по поразот мораме да направиме ристарт, и да продолжиме. Никако не смееме да се предадеме. Тоа е мојата филозофија“, вели Раниери.

„Можеби по два порази по ред луѓето ќе почнуваат да прашуваат: Што се случи? Дали сте под притисок и такви работи. Но, јас секогаш сум позитивен и се радувам на новата сезона. И јас сум заинтересиран за тоа што ќе се случува во неа. Затоа ајде да уживаме заедно“, додава тренерот на Лестер.

Лестер подготовките ги одработува во Австрија потоа следува густ распоред на пријателски натпревари како против Селтик, ПСЖ и Барселона во Интернационалниот куп на шампионите кој ќе се одржи во САД. Потоа „Лисиците“ ја отвораат сезоната на 7 август против Манчестер Јунајтед на Вембли во рамките на Комјунити шилд. Четири дена подоцна Лестер го игра првиот меч во Премиер лигата и тоа против Хал Сити.

МАРЕЗ САКА ДА ОСТАНЕ

Изминатите денови се зборува за трансфер на Ријад Марез во Арсенал, Барселона или Челзи но најдобриот играч на Премиер лигата сака да продолжи со шампионот на Англија. Алжирскиот интернационалец е во редовите на Лестер од 2014 година, а минатата сезона постигна 17 гола.

„Мислам дека сите се среќни во клубот. Ние завршивме со трансферите и сега се концентрираме на сезоната. Марез е среќен и сака да остане“, вели Раниери.

33 МИЛИОНИ ФУНТИ ЗА ЧЕТИРИ ЗАСИЛУВАЊА

Лестер во досегашниот дел од летниот преоден рок донесе четворица фудбалери за кои потроши 33 милиони фунти. Најскапо го платија напаѓачот Ахмед Муса, кој пристигна од ЦСКА Москва, нешто помалку платија за Нампалис Менди од Ница. Донесоа уште еден голман кој ќе му конкурира на Каспер Шмајхел, а тоа е германскиот интернационалец Рон-Роберт Цилер од Хановер 96. Како слободен играч пристигна Шпанецот Луис Ернандез од Спортинг Хихон.

А освен Канте, клубот го напуштија Андреј Крамариќ, Дин Хамонд, Рајан Вотсон, Марк Шварцер и Пол Кончески.

КАПИТЕНОТ ПРОДОЛЖИ ДО 2019

Капитенот на Лестер, Вес Морган, потпиша нов договор со клубот и ќе остане на „Кинг Пауер“ стадионот до јуни 2019 година. 32-годишниот одбранбен фудбалер игра за Лестер од 2012 година кога дојде од Нотингем Форест.

Интернационалецот од Јамајка на пропушти ниту минута во англиската Премиер лига минатата сезона и е многу блиску да запише 200 натпревари во дресот на Лестер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...