Погба доаѓа на „Олд Трафорд“ како најскап трансфер во историјата

Францускиот репрезентативец и член на Јувентус, Пол Погба сигурно ќе го облече дресот на Манчестер Јунајтед во новата сезона, пренесуваат повеќе медиуми во Италија и Англија. Според најавите, англискиот премиерлигаш успеал да го убеди Јувентус да го продаде еден од најдобрите играчи. Италијанскиот првак постојано одбиваше да се откаже од услугите на Французинот, но, сепак, парите биле пресудниот фактор за реализација на преселбата.

ЌЕ БИДАТ ПЛАТЕНИ ИСТОРИСКИ 126 МИЛИОНИ ЕВРА

Манчестер јунајтед имаше неколку понуди, кои италијанскиот првак ги одбиваше. Сепак, на крајот најверојатно е дека „Старата дама“ се согласила за трансфер вреден 105 милиони фунти, односно околу 126 милиони евра.

Ако тоа се случи, Погба и дефинитирно ќе биде најскапиот играч во историјата на фудбалот. Актуелниот рекорд го држи Герет Бејл, кој за сума од 100 милиони евра во 2013 година си замина од Тотенхем, за да го облече дресот на Реал Мадрид.

ФРИЗЕРОТ ГО ОТКРИ ТРАНСФЕРОТ

Информацијата дека двата европски клуба постигнале договор, пристигна од фризерот на Погба. Фризерот стави слика како ја средува косата на Погба, а под тоа имаше коментар дека Пол се подготвува за својот нов клуб и ставено било името на Манчестер Јунајтед. Неколку часа подоцна започнаа пишувањата дека ќе бидат платени 126 милиони евра за овој трансфер.

НАЈГОЛЕМАТА ГРЕШКА НА СЕР АЛЕКС ФЕРГУСОН

Погба всушност ќе се врати во Манчестер Јунајтед. Тој беше дел од „црвените ѓаволи“ пред да дојде во Јувентус. Ја помина младинската школа на Манчестер, а во сезоната 2011/12 дебитираше во Премиерлигата. Одигра само седум меча и не даде ниту еден гол, а легендарниот менаџер сер Алекс Фергусон процени дека нема да му биде потребен во составот.

Затоа не му го продолжи договорот, а тогаш младиот 19-годишен тинејџер направи трансфер во Торино. Во дресот на Јувентус не само што доби шанса туку максимално и ја искористи. Досега одигра четири сезони во кои се радуваше на четири титули во Серија А. Одигра 178 средби, а даде 34 погодоци, но што е најважно, се промовираше во еден од клучните играчи на „Старата дама“.

ОД БАРСЕЛОНА ПРИЗНАА ДЕКА НЕМАА ТОЛКУ ПАРИ ЗА ДАВАЊЕ

Освен Манчестер Јунајтед, за Погба се интересираше и каталонскиот гигант Барселона. Актуелниот првак на Шпанија сакаше да го доведе Погба, имаше неколку обиди, но сите тие беа неуспешни. Од тимот од „Камп Ноу“ објаснуваат дека парите биле главна пречка за немање реализација.

„Кога се зборува за суми поголеми од 100 милиони евра, потребно е да се разгледаат многу внимателно и да се направи пресметка. Ние тоа го направивме и според нашата логика, станува збор за многу пари за еден играч. Добри ги знаеме квалитетите на Погба и знаеме колку е корисен. Сепак, ние не можевме да останеме во трка за овој трансфер, покрај понудите кои ги даде Манчестер јунајтед“, објаснуваат од Барселона.

ЗА 50 МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ГО НАДМИНЕ РЕКОРДОТ НА ЗИДАН

Низ историјата, Јувентус често знаеле да направат големи трансфери од кои ќе заработат многу пари. Досега на врвот на листата на најскапопродадени играчи од страна на Јувентус е Зинедин Зидан. Легендарниот Французин за сума од 73 милиони евра беше продаден во Реал Мадрид. Тоа се случи пред точно 15 години, односно во 2001 година. Таа сума пари за тој период беше неверојатно многу, но и по една и пол деценија, Јувентус не успеа да продаде ниту еден играч за повеќе пари.

Сега се појави Погба, кој не само што ќе го надмине рекордот на својот соиграч туку ќе ја наполни касата на Јувентус за дури 50 милиони евра повеќе од тоа што го добија за Зидан во тој период.

Освен Зидан, меѓу најскапите трансфери кои Јувентус низ историјата ги има направено се тие на Артуро Видал (40 милиони евра во Баерн Минхен), Филипо Инѕаги (37 милиони евра во Милан) и Алваро Мората (30 милиони евра во Реал Мадрид).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...