Реми за крај на Пелистер од подготовките во Банско. Утринава во Разлог, битолчани одиграа без голови против Сабуртало, прволигашки тим од Грузија. Според извештаите од таборот на Пелистер, „зелените“ во текот на целиот меч биле подобар противник, имале и неколку идеални шанси за гол но Илиев и Бујчевски не реализирале за победа. Овој контролен меч за Пелистер е последен од подготовките во Бугарија, и тие се враќаа дома.