До 2019 година нема да има зимска пауза

Англиската фудбалска федерација воопшто не размислува да воведе зимска пауза во Премиерлигата барем до завршување на сезоната 2018/19, објасни извршниот директор на ФА, Мартин Глен. Според челниците на ФА, ништо не смее да се менува во распоредот се до јуни 2019 година, до кога трае договорот за телевизиските права.



Идејата за воведување на зимска пауза повторно ја актуелизираше новиот селектор Сем Алардајс, кој вели дека мора да има пауза за да се одморат играчите пред и по новогодишните и Божиќните празници.

„Ако англиската федерација навистина смета дека е потребно да се воведе зимска пауза, тоа ќе се случи и пред завршување на договорот кои го имаат со телевизиските права во 2019 година. Потребна е таа пауза“, рече Алардајс.

Англиската Премиерлига е единствената во Европа која нема никаква пауза околу Нова година. тие тогаш имаат дури и натрупан распоред на мечеви и сето тоа е поради телевизиските права и спонзорствата кои се добиваат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...