Очекувам прекрасни мигови со Барса

Андре Гомеш официјално е новиот фудбалер на Барселона. Тој потпиша петгодишен договор со шпанскиот првак кој ќе ѝ плати на Валенсија 35 милиони евра како отшета плус 20 милиони евра во вид на бонуси.

„Задоволен сум што дојдов во голем клуб и што ќе играм со врвни фудбалери. Целта ми е да освојам што е можно повеќе трофеи со Барселона. Среќен сум и мислам дека го донесов најдоброто решение“, изјави Гомеш кој беше цел и на други европски клубови.

Гомеш е еден од ретките фудбалери кои ќе ја дели соблекувалната со двете најголеми ѕвезди на денешницата Кристијано Роналдо и Лео Меси. Со Роналдо се соиграчи во португалската репрезентација, а со Меси ќе играат заедно во Барселона.

БОНУС ВО СЛУЧАЈ НА „ЗЛАТНА ТОПКА“?

Како дел од договорот меѓу Барселона и Валенсија за трансферот на Гомеш, стои дека каталонскиот гигант ќе треба да ѝ исплати на Валенсија дополнителни 15 милиони евра во случај играчот од средниот ред да освои две „Златни топки“. Тоа е чудна точка од договорот но не и невозможна. Никој неможе да претпостави како ќе се движи кариерата на младиот Португалец.



РАМКА

Маскерано продолжи до 2019

Ниту во Јувентус, ниту во друг европски клуб. Хавиер Маскерано останува верен на Барселона, а тоа го покажа со потпишување на нов договор до 30 јуни 2019 година. Претходната соработка му истекуваше во 2018 година но сега е обновена на уште една година. Маскерано дојде во Барса од Ливерпул во 2010 година, а одигра 282 натпревари во сите конкуренции и освои 16 титули. Минатата сезона почна како играч за врска, а заврши како централен дефанзивец и се покажа како одличен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...