За дебелите нема место во тимот

Милионски договори и брза храна. Тоа никако не оди во комбинација кога станува збор за фудбалот, а се чини тоа е главната причина за лошите изданија на фудбалерите на Манчестер Сити во минатото. Пеп Гвардиола смета дека го нашол изворот на проблемите кај фудбалерите кои неможат да ги постигнат резултатите кои се очекуваат од нив. И порано напишавме дека Пеп воведе нови правила во Манчестер Сити и дека едното од нив е правилната исхрана и редовната заедничка вечера на фудбалерите по натпреварите место забавување со сопругите во луксузните ресторани.



Пеп бара од своите фудбалери здрава исхрана препорачана од нутриционист кој тој лично го ангажирал во Сити, а за новите мерки открива играчот Гаел Клиши.

„Првпат се случува, барем во Сити, некој тренер да контролира кој колку и што јаде. Веќе имаме неколку играчи кои уште не тренираат со првиот тим. Ако килажата отиде малку над границата, не тренираш со првиот тим. Мораш да внимаваш. Ако на пример треба да имаш 60 килограми, а имаш 70, тогаш не играш фудбал“, појаснува Клиши.

А меѓу „жртвите“ е Самир Насри кој не тренира со првата екипа додека не ја намали килажата. Французинот се здебелил за време на летниот одмор па ќе мора извесен период да тренира самостојно додека не се доведе во ред.

„Насри погреши. Вагата и Гвардиола беа немилосрдни кон него“, изјави Клиши.

Гвардиола им забрани на своите фудбалери да конзумираат фаст-фуд, пици и зашеќерени сокови затоа што смета дека таа храна не само што дебелее туку претставува голем ризик за повреда.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...