Гонзало Игуаин дочекан како Бог во Торино

Еуфоријата во италијанскиот фудбал повторно е на највисоко ниво и тоа во период кога воопшто не се играат натпревари. за таквата атмосфера во Серија А најзаслужен е трансферот на Гонзало Игуаин од Наполи во редовите на Јувентус.

Актуелниот италијански првак реши да постави нови стандарди во калчото и плати неверојатни 94 милиони евра за трансферот. Ова е историски најголем трансфер во Италија, а трет најголем во фудбалот воопшто. Повеќе пари за еден играч се дадени само за Герет Бејл и Кристијано Роналдо, двајцата играчи на Реал Мадрид.



ЈА ДОБИ „ДЕВЕТКАТА“ И ВЕДНАШ ВЕТИ ОСВОЈУВАЊЕ НА ЛШ

Игуаин вчера со приватен авион пристигна во Торино. Уште на аеродромот стотина најверни фанови на „старата дама“ го пречекаа и му приредија топло добредојде. Аргентинскиот напаѓач внимаваше и на атуфитот, па беше облечен во боите на неговиот нов клуб. Носеше бела маичка и црно елече. Голгетерот го доби дресот со бројот девет, кој најчесто е ресервиран за најдобрите стрелци. Тој потенцираше дека е дојден да донесе нови успеси и радости за тимот од Торино.

„Дојдов во Торино за да ја освојам Лигата на шампионите со Јувентус. Верувам дека тоа ќе се случи“, најави Игуаин, со што уште повеќе ја подгреа еуфоријата која се создаде од неговото доаѓање. Аргентинецот потпиша договор кој го обврзува да остане во Јувентус во следните пет сезони.

ДА ЈА ПОВТОРИ ЛАНСКАТА ФОРМА

За аргентинскиот голгетер интерес покажаа неколку големи европски екипи, но сепак Јувентус беше најконкретен. Игуаин блескаше минатата сезона во дресот на Наполи. На 35 меча во Серија А даде 36 погодоци, што е повеќе од еден во просек по меч. Сега се надева дека може да ја повтори таа игра и да ја задржи формата и да носи радост на новиот тим.

ВО НАПОЛИ СЕГА Е НАЈГОЛЕМ ПРЕДАВНИК

Ако навивачите во Торино се пресреќни од овој трансфер, фановите од југот на Италија, поточно тие во Неапол, сметаат дека Игуаин е најголемиот предавник во клупската историја. Навивачите ги уништуваат дресовите, маичките и знамињата кои беа со името на Аргентинецот. Дури и претседателот на Наполи, Аурелио де Ларуентис кој го одобри трансферот, смета дека Игуаин е предавник.

„Некои велат дека премногу остро е да се каже дека Игуаин направи предавство, но јас сметам деак ова е многу повеќе од предавство. Тој покажа неблагодарност и немаше почит“, рече првиот човек на Наполи, Де Ларуентис.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...