Манчестер ги покажа 110 милиони евра и новиот дрес за Погба

Денеска или најдоцна утре ќе се потврди најскапиот трансфер во историјата на фудбалот. Французинот Пол Погба се враќа во Англија и повторно ќе го облече дресот на Манчестер Јунајтед. Ова го потврдуваат медиумите од Италија и Англија. Со овој трансфер, Погба ќе го надмине рекордот на Герет Бејл кој за 100 милиони евра од Тотенхем се пресели во Реал Мадрид. Трансферот на Погба ќе биде најмалку 10 милиони евра поскап.

Во договорот стои дека освен 110 милиони евра, ќе следуваат и уште 10 милиони евра во форма на бонуси. Вкупниот трансфер на крајот може да достигне дури 125 милиони евра.

НА „ОЛД ТРАФОРД“ ЈА ПОЧНА КАРИЕРАТА

Играчот за врска кој во изминативе четири сезони го носеше дресот на Јувентус, се враќа враќа во Англија и тоа онаму каде што ја започна кариерата, „Олд Трафорд“. Само за разлика од 2012 година, кога беше само надежен играч, сега е светски докажана ѕвезда, од најголем калибар.



Погба е „дете“ на Манчестер. Таму дојде како тинејџер и две години помина во младинската школа. Во 2011 година доби шанса да дебитира за сениорите, но некако не му остави посебен впечаток на легендарниот менаџер, Сер Алекс Фергусон. Таа сезона одигра само три меча во првенството и уште три во Купот и еден во еврокуповите, но не ја стекна довербата кај Ферги, кој речиси 30 години беше главен во Јунајтед.

ГРЕШКА НА ФЕРГУСОН, СЕГА ВРЕДНА ИСТОРИСКИ ТРАНСФЕР

На крајот од таа сезона договорот му истекуваше, а тогаш Сер Алекс ја направи сигурно најскапата грешка. Реши да не му даде нов договор на Французинот, кој како слободен играч требаше да си најде нов клуб.

Тогаш италијанскиот гигант Јувентус реши да го доведе во Торино, верувајќи дека се работи за квалитетен играч. Уште во првата сезона доби шанса да се докаже и ја искористи. Одигра 27 меча во Серија А и покажа дека пред него има блескава иднина.

За вкупно четири години поминати во Торино, одигра вкупно 178 меча за „старата дама“ и даде 34 погодоци. Со игрите, го привлече вниманието кај големите клубови, а од Манчестер признаа дека направиле голема грешка во 2012 година.

РЕАЛ СО ПОСЛЕДНИ СИЛИ САКА ДА ЈА РАСИПЕ РАБОТАТА

Освен Манчестер, се шпекулира дека и Реал Мадрид го пикираше Французинот. Некои велеа дека тој веќе се спакувал за пат кон Мадрид, но тренерот на „кралскиот клуб“, Зинедин Зидан потврди дека тоа се дезинформации.

Сега од „Сантијаго Бернабе“ ги прават последните напори за да го спречат трансферот на Погба во Манчестер и ако може да успеат да го пренасочат кон Шпанија.

НАЈТРОФЕЈНИОТ КЛУБ ЌЕ СОЗДАДЕ „ДРИМ ТИМ“

Со потврда на трансферот на Погба, Манчестер Јунајтед сигурно ќе биде еден од главните фаворити за освојување на титулата во Премиерлигата. Најтрофејниот тим во Англија летово донесе многу засилувања.

На клупата е доведен Жозе Мурињо, а во нападот како слободен играч пристигна еден од најдобрите голгетери во изминатава деценија, Златан Ибрахимовиќ. Заедно со Вејн Руни тој треба да биде ударна игла во нападот.

Манчестер од 2013 година чека на шампионски трофеј. Во две од трите последни сезони тимот воопшто не се најде ниту на позиција која води во Лигата на шампионите, па токму затоа „црвените ѓаволи“ и во новата сезона ќе бидат дел од второто по ранг натпреварување на стариот континент, Лигата на Европа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...