Ибра и Игуаин ја докажаа класата

Новата сезона во европските првенства само што започна, а веќе се покажува дека големите европски имиња кои ја сменија средината, сепак, останале со старите навики, а тоа е да постигнуваат погодоци. Златан Ибрахимовиќ како слободен играч пристигна на „Олд Трафорд“, а по првите два меча докажува дека ќе биде клучен играч во играта на Манчестер Јунајтед.



ПРВО ЈА „УКРАДЕ“ ДЕВЕТКАТА ОД МАРСИЈАЛ, А СЕГА И ПЕНАЛИТЕ ОД РУНИ

За само 180 минути на теренот, Ибрахимовиќ се промовираше во вистински лидер на тимот. Тоа целосно му го дозволи и менаџерот Жозе Мурињо, кој верува во напаѓачот. Најпрво откако потпиша за Јунајтед, Ибра ја побара и експресно го доби дресот со бројот девет, кој минатата сезона го носеше Марсијал. Французинот, за кого беа платени 50 милиони фунти, не смееше да се спротивстави и сега Ибра е „деветката“ во екипата.

Во дебитантскиот меч даде еден гол, а потоа и на дебито на „Олд Трафорд“ беше предводник и ги постигна двата гола за триумф против Саутемптон. Интересно е што кога беше досуден пенал за домаќините, топката на белата точка веднаш ја намести Ибрахимовиќ, а не како што тоа претходно го правеше капитенот Вејн Руни.



ВЕРУВА ВО ОСВОЈУВАЊЕ НА ТИТУЛАТА

Дојде како слободен играч, има 34 години, но Ибра покажува дека уште е главен на теренот без разлика во кој тим и да игра, па макар тоа е и најтрофејниот англиски клуб, Манчестер Јунајтед. Тој е полн со оптимизам и сака на крајот од сезоната да се радува на трофејот.

„Верувам дека може да ја освоиме титулата. Ако сакаме да стигнеме до тронот, треба напорно да работиме. Имаме две победи во два меча и тоа е најважно. Сезоната е долга и ќе видиме како ќе се развиваат работите“, рече Ибрахимовиќ.

„ДЕБЕЛИОТ“ ИГУАИН ПОГОДИ ЗА САМО ДЕВЕТ МИНУТИ ИГРА

Најголемиот трансфер во италијанската Серија А го направи шампионот Јувентус, кој реши да го доведе Гонзало Игуаин од Наполи. За Аргентинецот беа платени дури 70 милиони евра. Многумина критикуваа дека тоа е премногу пари за овој играч, кој во текот на летото дополнително се здебелил.

Сепак, Игуаин уште на стартот покажа зошто минатата сезона беше најдобар стрелец во Италија. На дуелот со Фиорентина започна од клупата за резерви, а во игра влезе во 66. минута. Само девет минути му беа потребни да го постигне првенецот во дресот на „Старата дама“. Да биде позначајно, токму со неговиот погодокот, Јувентус стигна до победа и три бода на отворањето на новата сезона.

„Многу сум среќен од дебито. Победивме, а јас дадов гол. Сега треба да продолжиме да работиме во ист ритам. беше многу важно да почнеме со победа. Сакам со Јувентус да ги освојам сите можни трофеи“, рече Игуаин.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...