Во Лондон ќе има будење на петли

Оптимизмот на навивачите на Ливерпул траеше кратко по одличната партија на нивните миленици на Емирати. Траеше само една недела, односно до поразот на гостувањето кај Барнли. Сепак, доколку „црвените“ победат на ова дерби со Тотенхем нема сомнеж дека ќе се најдат приврзаници на екипата на Јирген Клоп, кои одново ќе се раздвижат.

Сепак, петлите ќе дадат сè од себе за да ја спречат радоста на гостите иако традицијата не е на нивна страна. Не само што Ливерпул има подобри резултати во меѓусебните дуели туку Тотенхем нема победа на нив веќе четири години.



Додека домашните беа слободни во текот на неделата нивните противници имаа обврски против Бартон во Лига купот и рутински одработеа со 5:0. Кога станува збор за проблеми, менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино, не може да смета само на голманот Уго Лорис, кој се повреди уште во 1. коло и ќе паузира уште две недели. Секако, во тимот нема да биде ниту Муса Дембеле, кој одработува шест меча суспензија уште од минатата сезона.

Од друга страна, Јирген Клоп нема таква среќа бидејќи списокот на повредени играчи во Ливерпул е многу подолг, но и тоа како може да го радува враќањето на Даниел Стариџ, кој против Бартон одигра помалку од пола час и двапати се запиша меѓу стрелците.



Јасно е дека овде ниту еден резултат нема да биде изненадување, но нам единица ни делува најреално. Доколку се сомневате во домашните тогаш определете се за ГГ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...