Жестоко приземјување



Нема чудо, нема групна фаза од ЛЕ за Шкендија. Фудбалска Македонија ќе чека најмалку уште една година за еден наш клуб да го оствари тој сон. Шкендија не само што не го совлада силниот Гент, не само што не ја израдува 25.000 публика на „Филип Втори“ туку катастрофално загуби, и тоа со 0:4. Пораз кој боли, пораз кој секако дека никој не го очекуваше, тоа е резултат на квалитетот, односот на силите, физичката подготвеност и пред сè знаењето како да се дојде до резултат кога е најпотребно. Шкендија тоа синоќа го немаше, секако дека имаше и добри работи, како на пример фенонемалниот голман Костадин Захов, но тој не можеше сè сам. Прими четири голови, но спаси барем уште толку. И кога Гент имал толку шанси за гол, тогаш не треба да се трошат зборови кој бил подобар и кој заслужено оди во групната фаза од ЛЕ.

Шкендија, сепак, треба биде почитувана, и покрај овој пораз, Шкендија, ова лето навистина ги радуваше љубителите на фудбалот со своите игри и победи, и тоа едно лошо полувреме дојде во најнезгоден момент. Така е тоа во фудбалот.



ГЕНТ АГРЕСИВЕН НА СТАРТОТ

Спектаклот на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје почна сосема очекувано, според најавите, со агресивен старт на гостите од Белгија. Гент беше тој кој инсистираше на напад уште од првите мигови на средбата. За разлика од гостите, Шкендија почна максимално внимателно, ја препушти иницијативата на гостите и се обидуваше од контра да стори нешто повеќе. Во 5. минута ја видовме и првата поволна шанса на овој натпревар, и тоа пред голот на нашиот тим. Кулибали добро го проигра Ренато Нето, кој силно шутираше од околу 18 метри, но за среќа над голот на Захов. Момците на стратегот Бруно Акраповиќ веднаш возвратија. Стенио Жуниор беше исфорсиран на гостинската половина, убаво влета во шеснаесетникот и место да шутира од прва, „кариоката“ компликуваше и шансата отиде в неврат. Најдобрата можност за откривање на резултатот во овој период од мечот ја имаше Гент, и тоа преку Митровиќ, кој по изведениот корнер убаво шутираше, но беше блокиран во последен момент и таа топка отиде во корнер. Гент не престанува да ги диктира настаните на теренот, од таквата игра дојде и до уште еден шут на гостите, овој пат на Кумс во 17. минута, но топката од блокот на двајца играчи на тетовци, заврши во корнер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...