Младинците на Вардар дел од Лигата на шампионите

Европската фудбалска федерација (УЕФА) упати покана до младинскиот тим на Вардар да учествува во Лигата на шампионите. Извлекувањето на двојките ќе биде на 30 август, кога ќе биде познат и ривалот на „црвено-црните“.

Ова е одлука на УЕФА која оваа сезона направи проширување на младинската Лига на шампионите. Вардар е младински првак и ќе игра во новиот формат наречен „Домашна патека на младински шампиони“.



Овој дел е натпреварување кое ќе почне да се применува од оваа сезона, а 32 екипи ќе играат 1/16 финале и ќе се игра по принципот дома-гости. Подобриот ќе игра во 1/8 финалето. Победниците од 1/8 финалето ќе играат во 1/4 финалето против второпласираните од групната фаза од младинската Лига на шампиони.

Во групната фаза од младинската Лига на шампиони ќе играат младинските екипи на сениорските тимови кои се пласираа во неа.

Првиот натпревар се игра на 27 или 28 септември, а реваншот на 18 или 19 октомври



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...